За што треба да разговарате со вашиот партнер пред да почнете со интимни односи?

Најважниот фактор во интимниот однос е довербата, а таа може да се зајакне преку разговор. Еве неколку теми за кои треба да разговарате пред првиот сексуален однос со новиот партнер.

(1) zadolzhitelen-razgovor-pred-stapuvanje-vo-intimni-odnosi

Вашиот став за сексот

Какво е вашето гледиште во врска со сексот и како се чувствувате кон новиот партнер? Дали е тоа нормална работа во една врска, начин да се добие ново сексуално искуство – постојат многу опции. Најважно е вашите ставови во врска со сексот да се совпаѓаат со ставовите на партнерот. Доколку тој сака секс за една вечер, а вие очекувате повеќе, нормално е дека работите нема да се движат во добар правец. Затоа, отворено разговарајте за сė.

Сексуално здравје

Нема ништо чудно во разговорот за вашето сексуално здравје. Понекогаш симптомите на некоја полова болест можат да бидат невидливи и навидум сè да изгледа добро. Доколку вашата врска станува сериозна, појдете со вашиот партнер на преглед и заедно направете ги сите потребни тестови. Така ќе се ослободите од загриженоста дека можете да добиете некоја полова болест. Доколку излезе дека некој од вас има некаква болест, тоа не е причина да го ставите сексуалниот живот на пауза, има многу други интимни начини на кои можете да уживате.

Контрацепција

Кондомите се одличен избор за вас сè додека вие или вашиот партнер не сте алергични на латекс. Однапред разговарајте за начините на кои сакате да се заштитите од бременост и преносливите болести. Размислите за сите можни опции и одлучете се за онаа која најмногу ви одговара.

Психолошка траума

Доколку некогаш сте имале негативно сексуално искуство, самото повторување може да влијае на вашето ментално здравје. Затоа морате да разговарате со вашиот партнер на оваа тема. Не мора да навлегувате детално, но би било добро да го информирате за да избегнете несакани повреди. Откривањето на некои потешки моменти од вашиот живот исто така ќе ви ја зајакнат врската.

Граници

Дали имате некои „забранети“ зони и пози? Немојте да се плашите дека ќе го уништите вашиот сексуален живот доколку му ги откриете овие работи на вашиот партнер. Отворено разговарајте за тоа што ви се допаѓа и тоа што не ви се допаѓа. Шансите се големи дека после овој разговор, вашиот секс стане ќе совршен.

Сексуални преференции

Иако многумина сметаат дека овој разговор е неромантичен, сепак што побрзо научите за вашите ерогени зони и сексуални фантазии, толку побргу ќе пронајдете меѓусебно разбирање во сексуалниот живот.

Прочитајте ги и овие 5 причини зошто сексот во базен е лоша идеја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар