Баш како од бајка: Најромантичната фотографија од венчавка која сте ја виделе!

Иако сигурно не мечтаете за свадба на обилен дожд, токму оваа временска непогода била главниот аксесоар на венчавката на Џесика Гровер и нејзиниот партнер Ник.

4-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_

Џесика и Ник се венчале во Ирска на еден облачен септемвриски ден. Времето било студено, облачно и магловито цела недела пред свадбата, но тие сепак одлучиле да ја направат на отворено. За жал, за време на приемот започнало да истура дожд, но за среќа, вештиот фотограф Томас Стјуарт не дозволил тоа да стане најлошиот кошмар за невестата. Тој го одвел парот на дождот за да направи фотографија која излегла како од бајките. Стјуарт потоа изјавил дека потајно сака кога врне за време на приемот и му се допаѓа кога има променливо време во текот на тој ден.

2-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_

„Во саботата наутро врнеше и беше доста облачно, па морав да донесам одлука дали ќе ја правиме свадбата на отворено или не до пладне. Иако јасно се гледаа облаци од двете насоки, јас решив да одам само напред и да ја направиме венчавката на тревникот со поглед кон езерото, како што отсекогаш си замислував… Сепак, обезбедивме чадори за сите гости во случај да почне да врне“ – вели Џесика.

Откако надвор почнало да истура дожд, магичниот фотограф, ги замолил младоженците да излезат на неколку секунди за да направат неколку фотографии. Тие без двоумење зграпчиле еден чадор од своите пријатели и излегле надвор на тремот. Фотографот трчал зад нив, носејќи го своето помагало за заднинско осветлување.

„Бевме надвор на патеката и беше многу убаво, бидејќи јас и Ник сакавме да поминеме неколку моменти заедно, па затоа бевме многу среќни кога излеговме и го имавме овој заеднички момент“ – вели Џесика.

3-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_

Таа воопшто не се грижела за нејзината венчаница, бидејќи таа веќе била „уништена“ и каллива од времето надвор.

Откако фотографијата била поставена само на Фејсбук, за многу краток временски период се раширила низ сите социјални мрежи, под името „фотографија од бајките“.

„Кога наредното утро ја видов фотографијата на Фејсбук, бев многу изненадена. Беше преубавo, многу луѓе ја споделуваа и велеа дека ги потсетува на некоја бајка“ – вели Џесика.

Иако многумина од вас сметаат дека дождот може да ја уништи целата убавина на вашиот посебен ден, не заборавајте дека токму тој може да ја претвори таа убавина во вистинска магија.

5-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_

Потребни биле само околу 30 секунди и 5 обиди за да се создаде оваа „дождовна фото бајка“.

1-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар