Банани, кафе, вино? Дали знаете кои други продукти би можеле први да исчезнат?

Банани, кафе, вино? Дали знаете кои други продукти би можеле први да исчезнат?

Можеби не сме свесни за тоа додека купуваме јагоди кои пристигнуваат од оранжериите до нашите продавници, но и ним им се заканува исчезнување во не толку далечна иднина. Некои видови овошје и зеленчук кои веќе се многу загрозени и приносот им се намалува, се во опасност целосно да исчезнат. Не сакаме да живееме без чоколадо (што не е само вкусно, туку е и здраво) бидејќи и таа е на списокот за исчезнување…

1. Банани

Банани, кафе, вино? Дали знаете кои други продукти би можеле први да исчезнат?

Најпознатата сорта банани се нарекува „кавендиш“ и неодамна беше нападната од габична епидемија што ја загадува почвата на која растат бананите. Оваа болест од Панама се рашири низ Африка и Азија, а експертите стравуваат дека нејзиното поместување кон Јужна Америка би можело целосно да ги уништи плодовите на ова овошје. А, што е со јадењето две банани на ден?!

2. Чоколадо

 

View this post on Instagram

 

A post shared by marichocogram (@marichocogram) on

Какао дрвото е подложно на штетници и габични заболувања како што е фитоплазма, која во раните 90-ти одзела 80 % од приносот на какао во Бразил. Научниците стравуваат дека овие и слични болести може да доведат до истребување на ова растение со ограничена генетска варијација. И климатските промени претставуваат голема опасност за скапоцените зрна какао. Колку е поголема температурата, толку повеќе водата се цеди од почвата и растенијата и толку помалку врнежи од дожд ќе има во делови од Западна Африка.

3. Кикирики

Студијата спроведена од Biodiversity International и Меѓународниот институт за истражување на оризот покажала дека помеѓу 18 и 25 % од сите сорти на кикирики може да исчезнат до 2055 година. Производството за кикирики бара скоро 5 месеци континуирано топли температури и приближно 60 до 120 кубни сантиметри дожд, што мора да запре за време на сезоната на берба, па и кикириките, исто така, ќе станат тешки за одгледување како резултат на климатските промени.

4. Кафе

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MW Cafe (@mwcafeksa) on

Потоплата клима и радикално променливите врнежи од дожд како резултат на глобалното затоплување, исто така, ги загрозуваат насадите на кафе. Според извештаите на Светскиот институт за клима, до 2050 година, областите погодни за одгледување кафе буквално би можеле да се преполоват. Производството на кафе веројатно ќе се оддалечи од екваторот и дополнително ќе го влоши проблемот преку уништувањето на шумите во региони каде што тоа досега се одгледуваше масовно.

5. Риба

Организацијата за зачувување на дивите животински и растителни видови World Wildlife Fund, откри дека повеќе од 85 % од светските залихи на риби во морињата и океаните се загрозени од незаконски, нерегулиран риболов што претставува закана за опстанокот на атлантска сина туна. Повеќе од 30 % од нерегулираниот риболов во светот доведе до достигнување на биолошкиот лимит и затоа треба подобро да ги организираат правилата за риболов низ целиот свет. А сината риба е генерално меѓу најздравата храна!

6. Мед

 

View this post on Instagram

 

A post shared by San Mattia Agriturismo Verona (@cortesanmattia) on

Сите слушнавме за масовното и нецелосно разјаснетото угинување на пчелите во последните години, што го загрозува целиот светски ланец за производство на храна бидејќи пчелите ги опрашуваат растенијата, а од оплодените толчници настанува плод. Брзото намалување на пчелните колонии ширум светот е поврзан со употребата на пестициди и климатските промени.

7. Вино

Едно истражување нарачано од Nature Climate Change открива дека регионите во Калифорнија познати по своите огромни лозја, Напа и Сонома, наскоро ќе станат премногу топли за одгледување на винова лоза.

8. Јагоди

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bethanne (like Beth Anne) ✨ (@ediblegoddess) on

Шпанската провинција Хуелва произведува повеќе од 300.000 тони јагоди годишно и извезува 80 % од нив. Но, климатските промени во регионот предизвикале пад на приносите во последната деценија.

9. Наут

Наутот бара огромни количини на вода за одгледување, а повеќе суши во областите каде што се одгледува, довеле до глобално намалување на приносите од наут од скоро 50 %.

10. Авокадо

За да се одгледа само половина килограм авокадо – една од оние многу здрави видови храна која стана популарна во последниве години и некои луѓе не можат да замислат ден без тост со пире од авокадо – потребни се повеќе од 270 литри вода за наводнување. Ова стана огромен проблем за фармите со авокадо во Калифорнија, каде се произведува голем дел од авокадото што го јаде целиот свет.

Можеби сакате да дознаетe и дали кафето и чоколадото ја зголемуваат интелигенцијата? Што откриваат новите истражувања?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар