Дали кафето и чоколадото ја зголемуваат интелигенцијата? Што откриваат новите истражувања?

Несомнено, ова се две состојки кои секој од нас ги консумира речиси секојдневно. Сите знаеме дека кафето ни помага кога не сме доволно наспани, а чоколадото ни служи за „емоционална поддршка“. Новите истражувања покажуваат дека овие два наши „мотиватори“ се корисни и за мозокот.

Дали кафето и чоколадото ја зголемуваат интелигенцијата? Што откриваат новите истражувања?

Кафе и какао: Како овие состојки му помагаат на мозокот?

Кога помислуваме што им е заедничко на кафето и какаото, кофеинот е првото нешто што ни паѓа на памет. Кога зборуваме за кафето мислиме дека кофеинот е единствената состојка што ни помага, а какаото содржи и флавоноиди кои исто така се корисни. Сепак, овие две состојки содржат и многу други хемиски супстанции кои може да ја зајакнат нашата когнитивна способност и да го заштитат мозокот.

Како кафето ја зголемува нашата когнитивна способност?

Кафето содржи 6 активни состојки кои придонесуваат за подобрување на здравјето на мозокот. Тие состојки се:

1. Кофеин

Тој содржи супстанца наречена метилксантин. Се верува дека оваа супстанца во кофеинот ги прекинува аденозните рецептори или рецепторите што ни кажуваат кога да спиеме. Метилксантинот ни овозможува привремена будност, фокус и подобра меморија откако ќе испиеме шолја кафе. Овој прекин, исто така, овозможува допаминот да остане во системот подолго, па ние подобро се чувствуваме. Сепак, кога некое лице пие премногу кафе, тоа резултира во раздразливост и нервоза.

2. Хлорогенска киселина

Ова е супстанција која се наоѓа во зрната зелено кафе и непечените зрна. Откако кафето ќе се испече, хлорогенската киселина практично исчезнува. Експертите уверуваат дека таа ни помага за намалување на апсорпцијата на јаглехидрати во нашиот дигестивен систем, го намалува шеќерот во крвта и производството на инсулин. Некои студии покажале дека оваа состојка придонесува и за намалување на таложењето масти во организмот.

3. Кининска киселина

Оваа киселина се произведува при распадот на хлорогенската киселина во процесот на печење на кафето. Таа помага во создавањето на триптофан и никотинамид во цревата, состојки што се неопходни за обновување на ДНК низите. Кога оваа состојка се меша со цревните бактерии, може да се претвори во корисна бактерија.

4. Кофеинска киселина

Научниците веруваат дека токму од оваа состојка потекнуваат антиоксидантните својства на кафето. Кофеинската киселина е дел од семејството полифеноли. Тие се познати по своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

5. Кверцетин

Друг полифенол е флавоноидот. Тој придонесува за антиоксидантните, антиканцерогените, антивирусните и антиинфламаторните својства на кафето. Исто така, придонесува и за спречување на деградацијата на липидите од слободни радикали, не дозволувајќи згрутчување на крвта, премин на хранливите материи низ sидовите од крвните садови и стимулирање на масовно производство на митохондрии.

6. Фенилиндан

Неодамна било откриено дека оваа состојка делува како двоен инхибитор на два главни протеини, кои се поврзани со Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Оваа состојка активно ја помага работата на невроните кои овозможуваат да се обработуваат информации, ја олеснуваат комуникацијата итн.

На кој начин чоколадото придонесува за зголемување на интелигенцијата?

1. Темното чоколадо може да придонесе за непосредно подобрување во когнитивната функција, слично како и кафето.

2. Високото ниво на флаванол во темно чоколадо се покажа како состојка која ја подобрува спацијалната работна меморија и времето на реакција.

3. Високите нивоа на флаванол придонесуваат и за подобрување на обработката на визуелни информации.

4. Подобрување на когнитивната способност за вршење на одредени задачи кога не сме  доволно наспани (кај жени).

5. Вистинското темно чоколадо или високите флавоноли имаат придонес во зголемувањето на когнитивните способности, за разлика од млечните чоколадни напитоци или други пијалаци со ниски нивоа на флаванол.

6. Темното чоколадо придонесува за подобрување на кардиоваскуларната циркулација и работата на мозокот.

7. Нема индикации за промени во однесувањето како резултат на консумирањето какао.

Можеби сакате да прочитате и зошто кафето на некои луѓе им влијае на сонот, а на некои не?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар