Конечно е откриено: Зошто кафето на некои луѓе им влијае на сонот, а на некои не?

Дали сте едни од оние луѓе што дури и по пиењето кафе немате никаков проблем со сонот и заспивате како воопшто да не сте внеле доза кофеин во вашето тело? Или пак, ако се напиете кафе малку подоцна во денот потоа не можете да спиете цела ноќ? Според шкотските научници, постои причина зошто ова се случува.

Станува збор за варијација на генот ПДСС2, којшто некој луѓе го имаат, додека пак други го немаат. И токму тој ген влијае на начинот на кој телото го разредува кофеинот, како и на времето кое кофеинот се задржува во телото.

Во истражувањето што било спроведено во Северна и Јужна Италија, биле испитани повеќе од 1.000 луѓе, додека во истражувањето од Холандија учествувале повеќе од 1.700 луѓе. Сите испитаници пополнувале прашалник во кој напишале колку кафиња дневно пијат.

Според добиените резултати, оние што пиеле помалку кафе имале и одредена варијација во генот. Кај нив кофеинот побавно се разградувал, а со самото тоа и подолго останувал во телото, држејќи ги подолго будни. Од друга страна пак, оние што го немале овој ген имале потреба од повеќе кафиња дневно за да останат подолго будни.

Покрај овој ген, на задржувањето на кофеинот во телото влијае и вашиот метаболизам, како и фактот дали сте пушач или не. Доколку пушите, тогаш ќе имате и поголема потреба од кафе.

Имајќи го сето ова на ум, најдобро е да внимавате на знаците што ви ги испраќа телото кога пиете кафе за да ја одберете најдобрата доза за вас. Ако се тресете по пиењето кафе или чувствувате како срцето ви прескокнува, време е да ја намалите дозата. Ако немате никакви последици, само придобивки, тогаш сте на добар пат!

Прочитајте ги и овие 4 причини зошто би требало да пиете обично црно кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар