Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Нашата примарна цел би требало да биде намалување на употребата на пластика и едукација на луѓето за глобалните промени и проблеми со коишто се соочуваме. Иако повеќето од нас веруваат дека рециклирањето ќе го реши проблемот, па продолжуваме да користиме пластика, всушност важи токму спротивното.

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Само во САД, во 2013-та година биле произведени 254 милиони тони ѓубре, а само околу 30% било рециклирано. Ова значи дека останатиот дел завршил во депонии и ќе остане таму илјадници години, создавајќи токсични гасови, загадувајќи ја Земјата и загадувајќи ги океаните. Бидејќи повеќето од нас не ја гледаат реалноста, навистина е важно проблемот да го разберат сите. Пластичното пакување што го користите само неколку секунди, ќе се распадне дури после 1.000 години.

Со цел да започнат позитивна промена, азиските супермаркети почнале да користат листови за пакување на зеленчукот. Овој вид пакување не само што е евтин, туку и ја исфрла употребата на пластика.

Неодамна, Кина престана да увезува ѓубре од целиот свет и се фокусира на рециклирањето на нивното ѓубре. Пред ова, 30% од отпадот во светот завршуваше во Кина, од каде што потекнува и верувањето дека азиските држави се одговорни за поголемиот дел од ѓубрето. Сега, азиските држави како Виетнам и Тајланд, бараат нов начин целосно да ја избегнат пластиката. Ова направило простор за нови бизнис идеи, а една од нив е нов и еколошки начин на пакување на храната, без употреба на пластика.

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Светот слушнал за оваа идеја благодарение на објава од фирмата Perfect Homes Chiangmai’s. Еден член од тимот на компанијата влегол во маркетот Rimping, забележал дека зеленчукот е спакуван со листови од банана и решил да ги фотографира полиците. Со над 3,5 милиони прегледи и над 17.000 споделувања, идејата стана нешто што луѓето ги охрабруваат супермаркетите да го пробаат.

„Не знаев дека ќе се прослави, се шокирав кога имаше 20 споделувања. Дури следното утро сфатив што се случува“, изјавил споделувачот на фотографијата.

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Некои луѓе забележале дека не е сè без пластика, на што од супермаркетот одговориле дека одат чекор по чекор и дека го даваат најдоброто од себе. Но сепак, не е лесно. Многу продукти стигнуваат во маркетот веќе спакувани во пластика, а на компаниите за пакување им одговара ова бидејќи е евтино. Сега им останува на потрошувачите да кажат што сакаат. Без сомнение, секој би одбрал пакување од лист од банана наместо пластика.

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика

Сега, повеќе од кога било, луѓето почнуваат да сфаќаат колку е лоша состојбата на нашата планета. Секое парче пластика што е направено сè уште постои на планетата, па добро е да ги знаете овие факти за загадувањето со пластика и што можете да смените вие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар