21 факт за загадувањето со пластика и 10 нешта што вие можете да ги смените

Изгледа како да не можеме да го избегнеме загадувањето со пластика. Буквално секој ден ја држиме во раце – тастатура, компјутер, шишиња, амбалажи… Но каде оди целата пластика кога повеќе не ни е потребна? Иако можеби мал дел се рециклира, поголемиот дел завршува во депонии. А уште поголем дел завршува како пластичен отпад кој евентуално си го наоѓа патот до водата за пиење.

21 факт за загадувањето со пластика и 10 нешта што вие можете да ги смените

Ситните пластични честички кои се користат во многу производи за хигиена и нега, како пилинг за лице и паста за заби, се најдени во многу водни површини. Во океаните можат да се пронајдат огромни површини од отпад од пластика. Целото загадување со пластиката не е само проблем за Земјата, туку и за нашето здравје. Во продолжение прочитајте 22 вознемирувачки факти за загадувањето со пластика.

1. Само во Лос Анџелес, секој ден се исфрлаат 10 тони пластика во Тихиот Океан.

2. Изминатите 10 години произведовме повеќе пластика отколку целиот изминат век.

3. 50% од пластиката која што ја користиме, ја употребуваме само еднаш и ја фрламе.

4. Секоја година фрламе доволно пластика за да се заобиколи Земјата 4 пати.

5. Моментално рециклираме само 5% од пластиката што ја употребуваме.

6. Просечен Американец фрла приближно 84 килограми пластика годишно.

7. Пластиката опфаќа околу 10% од целокупниот отпад што го произведуваме.

8. Производството на пластика користи околу 8% од светското производство на нафта.

9. Американците фрлаат 35 милијарди пластични шишиња за вода секоја година.

10. Пластиката во океаните се крши на толку мали делчиња што делчиња од едно пластично шише можат да се најдат на секоја плажа на светот.

11. Низ целиот свет се користат околу 500 милијарди пластични кеси. Повеќе од милион кеси се користат секоја минута.

12. 46% од пластиката плови и може да лута со години пред да се концентрира во некој вртлог.

13. На пластиката ѝ се потребни 500 до 1.000 години да се разгради.

14. Во океаните има милијарди килограми пластика кои зафаќаат околу 40% од нивната површина. 80% од загадувањето потекнува од земјата.

15. „Пластичната супа“ во Тихиот Океан е најголема депонија во океаните. Оваа маса од пластика е побројна од морскиот живот, и тоа во однос 6 спрема 1.

16. Годишно умираат 1 милион морски птици и 100.000 морски цицачи поради пластиката во океаните.

17. 44% од сите видови морски птици, 22% од китовите и сите видови желки се документирани со пластика во или околу нивните тела.

18. Во примероци од езерото Ери, 85% од пластичните честички биле микроскопски. Истражувачите пронашле 1.500 и 1,7 милиони од овие честички на површина од 2,7 километри квадратни.

19. Секое парче пластика кое било произведено сè уште постои во некоја форма освен мал дел кој бил изгорен.

20. Пластичните хемикалии можат да бидат апсорбирани од телото. 93% од Американците на возраст од 6 или повеќе години биле позитивни на пластични хемикалии.

21. Некои од состојките во пластиката ги менуваат хормоните или имаат други потенцијални влијанија на човечкото здравје.

10 начини на кои можете да помогнете

1. Кога станува збор за кеси и флаширана вода секогаш обидувајте се да ја употребувате истата пластика повеќе пати. Покрај тоа, можете да користите платнени кеси за купување и стаклени шишиња за вода.

2. Немојте да купувате производи кои се посебно пакувани во пластика, сламки и други производи од пластика кои се фрлаат.

3. Намалете го пластичниот отпад така што ќе користите кутија за вашиот ручек наместо пластични кеси. Соковите можете да ги ставате и во термос.

4. Понесете ваша чаша кога купувате кафе за носење. Ова е одличен начин да се намали отпадот.

5. Нема потреба од пластични цедиња кога можете да купувате игри, музика и филмови онлајн.

6. Побарајте алтернатива за пластичните предмети кои често ги користите.

7. Рециклирајте. Ако морате да користите пластика обидете се да одберете PETE или HDPE. Овие видови се најчесто рециклирани.

8. Волонтирајте за чистење на отпадот.

9. Поддржувајте ја забраната за пластични кеси.

10. Раширете ги вестите. Разговарајте со пријателите и семејството за тоа зошто е важно да го намалиме користењето на пластиката во нашите животи.

Погледнете и како да го намалите загадувањето на водата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар