9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Нормалниот човек никогаш не би го однел своето дете на борба со кучиња, бидејќи тоа е сурово и неморално. Но циркусот или шоуто со делфини изгледа сосема поразлично. Некои луѓе или не знаат, или се обидуваат да го игнорираат очигледното, но голем број забавни настани се исто сурови колку и борбата со кучиња. Доколку навистина сакате животни, тогаш сигурно нема да сакате да присуствувате на следниве забавни настани.

1. Циркус со животни

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Животните во дивина никогаш не ги прават нештата коишто се присилени да ги прават во циркусите. Тие не сакаат да возат велосипеди, да скокаат низ запалени обрачи или да танцуваат. Но, знаат што ќе им се случи доколку не се потчинат. Во паузите помеѓу претставите, животните живеат во мали кафези кои постојано се преместувани, претворајќи го нивниот живот во кошмар. Активистите за животински права се обидуваат да ги забранат сите зоолошки ширум светот и веќе успеале во неколку држави.

Алтернативно решение: Циркус без животни

2. Шоу во морски аквариум

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Во нивното природно живеалиште, делфините и китовите живеат во мали групи и патуваат илјадници километри во само еден ден. Но кога се затворени во мали базен, тие страдаат без семејство и без простор за пливање. Нивните мускули ослабуваат, па поради ова возрасните китови убијци имаат многу мали перки. Бизнисот на овие шоуа е заснован на страдањето на животните. Во многу држави овој бизнис е нелегален, особено откако некои животни ги нападнале нивните тренери.

Алтернативно решение: Пловење со брод или нуркање

3. Јавање слон

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Благодарение на филмовите и детските книги, многу луѓе имаат погрешна слика за слоновите. Тие мислат дека овие животни се добри и секогаш сакаат да им служат на луѓето. Но, потчинетоста на слоновите потекнува од суровост и насилство. Исплашеното мало слонче е одделено од неговата мајка и уште веднаш го учат да се плаши од луѓе. Овој процес не е поразличен од мачење. Исплашеното животно треба да го слуша тренерот, кој физички го повредува кога е непослушно. Па не е ни чудно што одвреме-навреме туристите стануваат жртви на агресијата на слоновите.

Алтернативно решение: Посета на центар за рехабилитација на слонови

4. Шоу со змии

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Во многу азиски држави се изведуваат шоуа со отровни змии за туристите – змиите се присилени да се напаѓаат едни со други. Тренерите им дозволуваат на туристите и да ги допираат змиите, што не е секогаш безбедно. После шоуто, змиите се сместени во мали кутии или торби и не ги пуштаат од таму до следната претстава. Змиите се повредени поради третманот што го добиваат – имаат скршеници и исекотини. Но, многу луѓе не се грижат за ова, бидејќи змиите не живеат долго на овие места. По некое време се убиваат и се користат за правење чанти или лекови.

Алтернативно решение: Изгледајте филм со змии

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар