9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“ вашиот мозок

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“ вашиот мозок

Ако сметате дека на вашиот мозок му е потребно малку вежбање, загатките се одлична активност за тоа. Доколку не го вежбате мозокот редовно постои можност да го ослабите, а сигурно не сакате да се случи тоа. За оваа цел, раздвижете го вашиот мозок со овие интересни загатки.

1. Кој автомобил ќе го отстраните?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

Седум автомобили се начекале на раскрсница и настанал сообраќаен метеж. Доколку се отстрани еден автомобил, останатите би можеле да се движат без проблем. За кој автомобил станува збор?

  • Одговор

    Проблемот ќе се реши доколку го отстраните автомобилот со бројот 3.

2. Како човекот ќе ги пренесе животните преку реката?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

Еден човек патувал со две овци и еден волк. Волкот би ги нападнал овците доколку остане насамо со нив. Човекот треба да ја премине реката со чамец, но со него може да понесе само едно од животните. Како ќе го направи тоа без волкот да остане насамо со овца?

  • Одговор

    Прво ќе го земе волкот и со него ќе ја премине реката. Потоа ќе се врати и ќе ја земе едната овца. На враќање повторно ќе го земе волкот, ќе го остави на брегот и ќе ја понесе втората овца. На крај ќе ја премине реката заедно со волкот.

3. Како полицијата знаела дека сопругот е убиецот?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

Еден маж ја избодел неговата сопруга до смрт. Бидејќи наоколу немало никој, го оставил телото на земјата и го фрлил ножот во шумата. Потоа се качил во неговиот автомобил и отишол во неговата канцеларија. Еден час подоцна добил повик од полицијата за да го известат за убиството на сопругата. Го натерале веднаш да дојде на местото на злосторството. Кога стигнал, веднаш го уапсиле. Како знаеле дека тој е убиецот?

  • Одговор

    Полицијата не му кажала каде е местото на злосторството.

4. Колку денови се потребни за да се исече целото парче материјал?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

Еден морнар имал парче материјал долго 16 метри. Секој ден сечел по 2 метри од парчето. За колку денови ќе го исече целото?

  • Одговор

    Ќе му бидат потребни 7 дена. Последниот останат дел од парчето материјал ќе биде долго 2 метри, па нема да има потреба да го сече уште еднаш.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар