9 начини како да им помогнете на вашите пријатели да ја надминат кризата низ којашто минуваат

Навистина е тешко да знаете што точно да направите кога вашите пријатели минуваат низ криза. Без разлика дали се справуваат со раскинување, со смрт на член од семејство, имаат здравствен проблем или нешто друго, вие ќе сакате да им дадете колку што е можно поголема поддршка. Но, нема секогаш да знаете како да ги изберете вистинските зборови. Понекогаш, кога се обидувате да помогнете, може само да ја влошите ситуацијата.

9 начини како да им помогнете на вашите пријатели да ја надминат кризата низ којашто минуваат

Луѓето може да се изолираат за време на тешките периоди од својот живот или да се справат со ситуацијата поинаку отколку што сте предвидувале, што дополнително го отежнува проблемот. Овие неколку работи треба да ги имате предвид кога им помагате на пријателите што минуваат низ тешки времиња.

1. Понудете им да се дружите

Ако не знаете што да направите или што да кажете, започнете со дружење. Многу луѓе не одвојуваат време за да бидат заедно, дури и ако станува збор само за миење садови, за прошетка или за седење на софата и разговарање.

Тоа е многу едноставно, но сепак толку ефикасно. Обрнете им внимание на вашите пријатели и тие ќе се чувствуваат ценети, сакани и згрижени.

2. Бидете присутни и слушајте

Кога некој што го сакате минува низ болка и тага, чувствувате притисок дека мора да кажете нешто за личноста да се чувствува подобро. Но, честопати е најдобро само да слушате и да ѝ дозволите на личноста да се изрази.

Вашите пријатели треба да знаат дека вие можете да ги толерирате нив и нивната болка и дека постои некој што ги разбира низ што минуваат.

3. Чувајте ги советите за подоцна

Одолејте му на поривот да понудите совети или да најдете решение за нивните проблеми, освен ако тие не го побараат тоа од вас.

Слушајте ги вашите пријатели внимателно и без осудување. Можеби навистина е непријатно да разговарате со луѓе со негативните емоции, но ако понудите решение без тоа да биде побарано од вас, тоа може да изгледа како да ги занемарувате нивните чувства, наместо да им дадете можност да го споделат во вас тоа што ги повредува.

Освен тоа, за раскинувањето и за смртта не можете да најдете решение . Покажете им на вашите пријатели дека сте тука за да ги сослушате.

4. Бидете свесни ги нивните чувства

Еден начин да одговорите, без да понудите совет, е да ги потврдите нивните чувства. Ако ви кажат дека се исплашени, обидете се да одговорите со: „Тоа е толку тешко и страшно. Сега разбирам зошто се чувствуваш вака со оглед на тоа што ти се случува. Јас сум тука за да те сослушам.“

Исто така, можете да направите и едно резиме на сè што е кажано до тој момент, а тоа ќе ѝ даде до знаење на личноста дека внимателно ја слушате.

5. Избегнувајте употреба на клишеа

Постојат многу совети што звучат добро, но всушност не се многу корисни, затоа најдобро е едноставно да кажете: „Не знам што да кажам“. Тоа е многу подобро отколку да речете „Сè ќе биде во ред“.

6. Помогнете им во извршувањето на обврските

Ако вашиот пријател е зафатен со справувањето со кризата, понудете се да му помогнете во извршувањето на секојдневните задачи, а тоа за него ќе биде огромно олеснување.

Средувањето на алиштата или купувањето намирници за вашите пријатели може да ги олесни нивниот стрес и справувањето со проблемите. Исто така, тие ќе бидат свесни колку се грижите за нив.

Испратете им порака и прашајте ги дали им треба нешто или едноставно посетете ги и однесете им неколку основни намирници. Тоа е одличен начин да покажете дека се грижите за нив.

7. Прашајте како можете да помогнете

Ако не сте сигурни како да го поддржите пријателот, прашајте го што би сакал.

Многу често, кога помагаме некому што минува низ криза, се грижиме и го поддржуваме на начин на кој би сакале ние да бидеме згрижени и поддржани“. Но, можеби на вашиот пријател му треба нешто сосема друго.

Можеби вие сакате да плачете, но вашиот пријател можеби сака да биде сам. Ако не се сигурни што им треба на вашите пријатели, најдобро е да не ги присилувате да направат нешто, дури и ако мислите дека тоа би помогнало. Доволно е што сте покрај нив.

8. Продолжете да проверувате

Ако не сте се слушнале со вашиот пријател, побарајте го за да дознаете како е. И продолжете да го правите тоа, дури и подолго отколку што мислите дека е потребно.

Не треба да се плашите да го побарате вашиот пријател и едноставно да го прашате дали сака да разговара. Понекогаш, луѓето чувствуваат потреба да зборуваат за своите чувства со месеци.

Но, не ги присилувајте да зборуваат ако не сакаат. Ако ја притискате личноста, таа можеби ќе се затвори во себе. Ова е едноставно сигнал што покажува дека личноста не е подготвена да разговара. Но, покажете ѝ дека ќе бидете тука кога ќе сака да разговара.

9. Поставете отворени прашања

Друг начин да дознаете што им треба на вашите пријатели е поставувањето отворени прашања. Ова ќе им создаде простор да споделат како се чувствуваат и да ви кажат што им треба.

Исто така, додека разговарате можете да го користите говорот на телото. На пример, ставете ја раката на рамото на вашиот пријател или на вашата пријателка, прегрнете ги или седнете веднаш до нив.

Нема совршен начин како да им помогнете на пријателите што се во криза. Но, можете да покажете колку многу се грижите со тоа што секогаш ќе бидете тука за нив.

Прочитајте зошто мажите се најдобрите пријатели што може да ги имаат жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар