9 изуми кои засекогаш ја променија модата

9 изуми кои засекогаш ја променија модата

Модата се менува секоја година, но сепак постојат некои работи кои никогаш не си заминуваат. Погледнете ја оваа кратка историја на некои од најкултните парчиња облека кои го промениле целиот свет на модата.

1. Фармерки

(1)9-izumi-koi-zasekogash-ja-promenija-modata-kafepauza.mk

Во 17-тиот век, италијанскиот град Џенова испорачувал текстил кој наликувал на папирус и кој набрзо потоа бил наречен „џенес“. Во 1873 година, претприемачот Леви Штраус си направил патент на познатите сини фармерки. Во тоа време, тие биле дизајнирани како работно одело за мажите. Од тогаш, фармерките станале омилениот дел од гардероберот на речиси секој. Компанијата на Штраус работи и денес, но го користи името Levi’s.

2. Високи потпетици

(2)9-izumi-koi-zasekogash-ja-promenija-modata-kafepauza.mk

Сигурно ви е тешко да замислите дека до 17-тиот век високите потпетици ги носеле само мажите. Во средновековна Европа, чевлите со дрвена платформа биле многу популарни бидејќи со нив лесно се одело по кал. Во 16-тиот век, чизмите со високи потпетици им биле многу удобни на јавачите. Шпиц чевлите со високи потпетици се појавиле дури во 20-тиот век, и денес се неопходен дел од гардероберот на секоја жена.

3. Бикини

(3)9-izumi-koi-zasekogash-ja-promenija-modata-kafepauza.mk

Во Париз, 1946 година, еден модел прошетал на модната писта носејќи костим за капење во два дела, дизајниран од Луи Реард. Овој костим предизвикал голема контроверзија, бидејќи таквото откривање на телото во тој период се гледало како промискуитет. Бикинито било прифатено дури неколку години подоцна, кога почнале да го носат Бриџит Бардо и Мерлин Монро.

4. Малиот црн фустан

Малиот црн фустан на Шанел е опкружен со многу легенди. Некои тврдат дека таа не можела да ги поднесе големите накитени фустани, па го создала овој со цел да креира нов елегантен изглед. Според друга легенда, Шанел ја добила идејата за фустанот во 1926 година во чест на нејзиниот починат љубовник. Нејзината креација направила вистинска сензација во светот, и до денес малиот црн фустан се смета за беспрекорен.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар