9 изненадувачки факти за Никола Тесла што сигурно не сте ги чуле досега

Иако денес неговото име е светски познато, Никола Тесла не бил многу почитуван во текот на животот. Дали сте знаеле дека еден од најголемите генијалци на сите времиња некогаш бил толку сиромашен што морал да копа канали за да преживее? Прочитајте ги следниве помалку познати факти за Тесла што сигурно ќе ве остават без зборови…

9 изненадувачки факти за Никола Тесла што сигурно не сте ги чуле досега

1. Имал фотографска меморија

Бил способен да памти книги, експерименти, слики, визии и факти со неверојатна точност и прецизност.

2. Тврдел дека има визии

Наводно, визиите му се јавувале во облик на изненадни светлосни блесоци коишто му покажувале како треба да изгледаат неговите изуми.

„Мојот мозок е само приемник, а во универзумот постојат јадра од кои добиваме знаење, сила и инспирација. Не знам да ја објаснам природата на јадрата, но знам дека постојат“, изјавил тој во една прилика.

3. Верувал дека добил порака од универзумот

Цврсто верувал дека постојат вонземјани и одлучно тврдел дека не сме само во универзумот. Летото 1899 година, кога во Колорадо Спрингс се занимавал со можноста за пренесување информации од големо растојание, неговата опрема примила низа необични сигнали за кои Тесла тврдел дека потекнуваат од друга планета.

„Имаме порака од далечен и непознат свет. Таа гласи: ’Еден, два три…’“, напишал тој.

Во 1966 година научниците го реконструирале неговиот експеримент и дознале дека сигналот бил предизвикан од минувањето на месечината на Јупитер низ магнетното поле на планетите.

4. Обожавал нумерологија

Бил опседнат со бројот 3. Секогаш кога влегувал во зграда морал прво да ја заобиколи 3 пати, а живеел на 33-тиот кат од хотелот.

5. Спиел 2 часа дневно

На Тесла му биле доволни 2 часа сон за да може нормално да функционира.

9 изненадувачки факти за Никола Тесла што сигурно не сте ги чуле досега

6. Копал канали

Во 1884 година Тесла отишол во САД и набрзо почнал да работи за Едисон. Откако Едисон ветил дека ќе му плати 50.000 долари на човекот кој ќе го усоврши дизајнот на генераторот за еднонасочна струја, Тесла го пронашол решението. Едисон сепак одбил да плати, тврдејќи дека се шегувал. Потоа, Тесла го напуштил за да основа своја компанија, но додека барал инвеститори, бил принуден да преживува копајќи канали.

7. Неговото презиме е семеен прекар

Биографот Џон О’Нил проверил дека вистинското презиме на Никола Тесла било Драганиќ, но еден од неговите предци имал многу криви предни заби, па луѓето го викале Тесла по алатката за обработка на дрво.

8. Доживеал нервен слом

Тесла тврдел дека сетилата му се толку изострени што може да чуе грмотевица на растојание од 880 километри. Додека живеел во Будимпешта, тој западнал во необична состојба која докторите во недостаток од подобар назив ја нарекле нервен слом. Може да го чуе чукањето на рачниот часовник кој се наоѓал 3 соби подалеку од него, слетувањето на мувите на маса, а звукот од локомотива на растојание од 30 километри му предизвикувал болка.

9. Платил сметка во хотел со нацрт од „зракот на смртта“

Менаџерите на хотелот Governor Clinton добиле дрвена кутија од него за која тврдел дека содржи модел на оружје кое би можело да ги запре сите војни и ги предупредил дека никогаш не смеат да ја отворат. Кутијата била отворена дури во 1943 година по неговата смрт, но испаднало дека содржела само неколку стари и безопасни делови на електронски уреди.

Прочитајте го и генијалниот одговор на Никола Тесла на прашањето зошто никогаш не се оженил.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар