Психолозите откриваат: Слободоумните луѓе живеат во сосема поинаква реалност

Неодамнешните истражувања ги испитале разликите во погледот кон светот кај слободоумните луѓе и луѓето со ограничен ум. Истражувачите тврдат дека квалитетот на умствената „отвореност“ има одлучувачка моќ во однос на тоа каква е реалноста во која живее поединецот. Повеќето слободоумни луѓе живеат во сосема поинаква реалност од останатите.

Психолозите откриваат: Слободоумните луѓе живеат во сосема поинаква реалност

Отвореноста подразбира слободен ум, пробување нови работи, запознавање нови луѓе, желба за истражување и поместување на границите на удобната зона. Слободоумните луѓе се многу дружељубиви. Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Мелбурн и во него учествувале 123 испитаници со различно потекло. Била извршена анализа на нивниот карактер и гледишта.

Тестот за слободоумност бил сконцентриран на 5 категории: Совесност, невротичност, екстровертност, соработливост и способност да се биде отворен кон нови искуства. Потоа, направиле тест за да видат кој го има доживеано феноменот „бинокуларен натпревар“, еден тип визуелна перцепција. Феноменот се појавува кога на секое око му се покажува различна слика, во овој случај црвен материјал на едното око и зелен материјал на другото.

Повеќето луѓе постојано го менувале погледот од едната на другата слика, бидејќи мозокот може да ги види само една по една. Но, некои луѓе ги споиле двете слики во обединет црвено-зелен материјал. Учесниците кои можеле да ги видат двата материјали заедно биле оние кои добиле високи резултати на тестот за слободоумност.

Истражувачите претпоставуваат дека слободоумните луѓе се покреативни. Со оглед на тоа што овие луѓе имаат отворен ум кон нови искуства, учење и перцепции, тие со леснотија создаваат нови ментални патишта во нивните глави. Благодарение на тоа, тие развиваат нови идеи преку поврзување на работите што просечниот човек не може да го направи.

Слободоумноста им помага на луѓето подлабоко да размислуваат и да живеат посмирено. Тоа буквално создава поинаква реалност со тоа што се појавуваат нови елементи во сликата што просечните луѓе не можат да ги видат. Слободоумноста го проширува светот во кој живее поединецот.

Прочитајте ги следниве 9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар