15 совети за враќање на шармот и страста во вашата врска

Колку и да сте биле вљубени, по некое време ќе почувствувате дека врската ја изгубила својата страст. Ако се чувствувате тажно, дајте си малку простор и обидете се да останете смирени. Растојанието понекогаш е добро решение. Бесот и брзите одлуки не работат секогаш. Погледнете ги и овие совети кои ќе ви помогнат да ја вратите страста во вашата врска.

1. Не гледајте ја љубовта како смисла за живот

(1)15-soveti-za-vrakjanje-na-strasta-i-sharmot-vo-vashite-vrski-kafepauza.mk

Љубовта е само дел од вашиот живот и навистина го разубавува, но немојте да ја сметате за единствена причина за живеење. Кога го правите тоа вие почнувате да очекувате сè од само една врска, а тоа не е фер. Вашиот живот е составен од многу работи во кои љубовта е една од поважните. Но ако во вашиот живот важна ви е само љубовта, набрзо ќе ви стане здодевно.

2. Живејте го животот во целост

(2)15-soveti-za-vrakjanje-na-strasta-i-sharmot-vo-vashite-vrski-kafepauza.mk

Научете да уживате во ваше друштво. Кога ќе научите да бидете среќни со себе, нема да имате очекувања и фрустрации од вашата врска и од вашиот партнер. Ова ви го дава потребниот простор кој ви е потребен и на двајцата.

3. Љубовта е пријателство…

(3)15-soveti-za-vrakjanje-na-strasta-i-sharmot-vo-vashite-vrski-kafepauza.mk

Нема да ја намалите страста ако станете најдобри пријатели со партнерот. Ова ќе ја направи вашата врска интересна, а љубовта никогаш нема да исчезне.

4. Немојте да бидете заедно 24/7

(4)15-soveti-za-vrakjanje-na-strasta-i-sharmot-vo-vashite-vrski-kafepauza.mk

Сите ние сакаме да поминуваме време со нашите љубени. Но ако секоја секунда ја поминуваме заедно, сигурно ќе ни стане здодевно. Научете да уживате и кога партнерот не е со вас.

5. Мора да постои растојание

(5)15-soveti-za-vrakjanje-na-strasta-i-sharmot-vo-vashite-vrski-kafepauza.mk

Среќавањето после кратка разделба ја разгорува страста во врската. Уште повеќе ќе сакате да бидете во прегратките на партнерот бидејќи не сте го виделе некое време.

6. Не се изолирајте од општеството

(6)15-soveti-za-vrakjanje-na-strasta-i-sharmot-vo-vashite-vrski-kafepauza.mk

Добро е да сте вљубени, но немојте да се дружите само со вашиот партнер. Нормално е да имате пријатели и надвор од врската.

7. Правете работи кои и двајцата ги сакате

(7)15-soveti-za-vrakjanje-na-strasta-i-sharmot-vo-vashite-vrski-kafepauza.mk

Ова ќе ве исполни со возбуда и задоволство.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар