8 љубовни цитати што можете да ѝ ги испратите на саканата личност за Денот на вљубените

Љубовта е сила која нè тера да се радуваме секој нов ден. Денес не заборавајте да му кажете на партнерот колку сте вљубени во него и дека неговата љубов навистина ви дава крилја. Доколку ви е потребна помош, во продолжение погледнете некои од најубавите љубовни цитати што можете да му ги испратите на партнерот.

8 љубовни цитати што можете да ѝ ги испратите на саканата личност за Денот на вљубените

„Ако живееш сто години, сакам да живеам еден ден помалку за да не морам да бидам без тебе.“ – А. А. Милн

„Се сомневам дека ѕвездите сјаат. Се сомневам дека сонцето се движи. Се сомневам дека вистината е лага. Но никогаш не се сомневам во љубовта.“ – Вилијам Шекспир

„Љубовта ќе пронајде пат таму каде што на волците им е страв да ловат.“ – Лорд Бајрон

„Прегратката е измислена за луѓето да можат да си покажат едни на други колку многу се сакаат, а да не мора да кажат ништо.“ – Бил Кин

„Не шепна во моето уво, туку во моето срце. Не ги бакна моите усни, туку мојата душа.“ – Џуди Гарланд

„Љубовта е нашата вистинска судбина. Смислата на животот не ја наоѓаме сами, ја наоѓаме со другите.“ – Томас Мертон

„На срцето не му се суди според тоа колку сака, туку според тоа колку други го сакаат.“ – Френк Морган

„Ако сè што имаш е насмевка, дај им ја на луѓето што ги сакаш.“ – Маја Анџелоу

Погледнете ги и овие искрени и хумористични пораки за Денот на вљубените.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар