7 луди, но уверливи теории за убиецот Зодијак

Зодијак е познатиот сериски убиец кој наводно е одговорен за неколку убиства во областа на Сан Франциско. Зодијак ги измачувал полицијата и јавноста испраќајќи писма до весниците со неверојатно точни и одвратни детали кои барал да бидат објавувани на насловната страница. Во спротивно, се заканувал дека ќе следуваат уште убиства. И покрај сите ДНК докази, идентитетот на убиецот останува непознат.

7 луди но уверливи теории за убиецот Зодијак

1. Зодијак не бил една, туку две личности

Според теоријата, едната личност била убиецот, а другата ги пишувала писмата. Овие луѓе можеби работеле заедно, а можеби и одвоено. Некој, како на пример, полицаец од Сан Франциско би имал доволно информации да ги пишува писмата на Зодијак и да ги испраќа до медиумите. Сериските убијци често работат во пар. Покрај тоа, оваа теорија им дава вистинска предност на убијците. Доколку го фателе едниот, тој би бил обвинет за сè, а другиот ќе се извлечел.

2. Полицијата се има соочено со убиецот

Дали расизмот има улога во тоа што полицијата не успеала да го фати Зодијак? Можно е и ова. Местото каде што бил убиен таксистот Пол Стајн било надгледувано од двајца полицајци. И покрај сите докази и истражувања што ги натерале полицајците и детективите да веруваат дека Зодијак е белец, полицајците што патролирале во областа не биле известени за ова. Кога добиле повик да внимаваат на осомничениот, настанало огромно недоразбирање, па полицајците барале црнец наместо белец. Тие забележале маж кој го напуштал местото на злосторството, но не го застанале бидејќи не одговарал на описот.

3. Зодијак употребувал цемент за да ги прикрие отпечатоците од прстите

Еден од митовите за тоа како Зодијак го избегнал апсењето и откривањето на неговиот идентитет е во врска со тоа што полицијата не можела да ја детектира неговата ДНК. Во едно од неговите писма тој тврдел дека си ги покрил прстите со два слоја цемент за да не остава отпечатоци. Овој мит не е ниту побиен ниту потврден.

4. Убиствата на Зодијак се поврзани со семејството Менсон

Некои луѓе веруваат дека Зодијак е Брус Дерн, член на семејството Менсон. Брус е убиец обвинет за неговите злодела додека бил дел од семејството, а ликот на Зодијак навистина му одговара. Речиси секое негово движење се поклопувало со убиствата на Зодијак, а кога убиецот го напишал писмото „Исповед“, Брус одреден период бил „под земја“.

5. Зодијак се јавил во телевизиско шоу

На 22-ри октомври 1969-та година, Зодијак се јавил во полицискиот оддел во Оукленд и побарал или Мелвин Бели или Френсис Ли Бејли (и двајцата адвокати) да се појават во шоуто на Џим Данбар истиот ден. Мелвин Бели се согласил. Во шоуто се јавил маж кој се претставил како Сем, кажал дека е Зодијак и наскоро потоа ја спуштил слушалката. Полицијата не успеала да открие од каде доаѓа повикот.

6. Зодијак не постои

Постои верување дека Зодијак е само една голема лага, а за ова има и цел блог. Авторот на блогот напишал:

„Па, зошто толку многу луѓе беа убедени толку долго? Еден резултат од моето истражување покажа дека во реалноста малкумина кои имале директно знаење за 4-те убиства всушност верувале во Зодијак.“

7. Тед Круз е Зодијак

Иако звучи како шега, оваа теорија се прослави на Интернет во 2016-та година за време на претседателските избори во Америка. Во октомври 2017-та, во расправа на Тивтер, Тед Круз дури објавил и твит со една од загатките што Зодијак им ја оставил на полицајците.

Дали имате слушнато за овие застрашувачки и помалку познати сериски убијци?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар