6-те најчесто поставувани прашања на Гугл и што кажуваат тие за нас

6-те најчесто поставувани прашања на Гугл и што кажуваат тие за нас

Гугл е одличен извор на информации што ни помага да ги добиеме одговорите на нашите прашања со неверојатна брзина. Но според нашите навики за пребарување, изгледа дека понекогаш премногу се потпираме на Гугл. Размислете, за што најчесто го користите пребарувачот? Дали одговорите што ги добивате навистина вредат?

6-те најчесто поставувани прашања на Гугл и што тие кажуваат за нас

Светот е полн со безброј извори што ни помагаат да одговориме на нашите прашања. Но кога станува збор за некои од најважните, речиси сите ги бараат на едно место – Гугл. И додека Гугл е навистина ефективен во одговарањето на овие прашања, сепак може да биде и штетен. Во продолжение погледнете кои се едни од најчесто поставуваните прашања и што тоа значи.

1. Како која славна личност изгледам?

  • Пребарување: 14.800 пати месечно

Иако навидум ова прашање е од забава, тоа покажува колку всушност ни влијае споредбата. Сите знаеме дека социјалните мрежи се како создадени за споредување и се место каде што повеќето ги објавуваат само најдобрите моменти од својот живот, наместо реалноста. Последното нешто што ни е потребно е уште повеќе да се споредуваме со оние со кои не сме поврзани на социјалните мрежи. Уште полошо е што се споредуваме со луѓе кои работат во индустрија опседната со физичкиот изглед. Важно е да имате на ум дека познатите личности изгледаат многу поразлично во реалниот живот отколку на црвениот тепих. Прифатете ја вашата уникатност и бидете свои наместо да се споредувате со личноста која мислите дека треба да бидете.

2. Зошто се венчав?

  • Пребарување: 49.000 пати месечно

Со порастот на стапката на развод, станува јасно дека институцијата брак полека се распаѓа. Иако секој има различно мислење за тоа дали овој распад е добро или лошо нешто, не треба да се советувате со Гугл за тоа зошто сте се одлучиле за брак. Наместо да читате на некој веб-сајт зошто треба да го цените партнерот или зошто треба да се откажете од бракот, подобро е да го поминете времето во разговор со вашиот партнер. Бидете искрени за тоа каде се наоѓате во врската и најдете заедничко решение на кој било проблем.

3. Кој ме „отследи“ на Инстаграм?

  • Пребарување: 74.000 пати месечно

Сигурно имате забележано колкава важност им се придава на Инстаграм профилите. Одамна беа деновите кога луѓето следеа сè и секого. Денес сите внимателно одбираат кого ќе следат со цел да покажат некаков статус на позната личност. Ако премногу се грижите зошто бројот на вашите следбеници на Инстаграм се намалил преку ноќ, потребно е да размислите за вашите самодоверба и самопочит.

4. Како до онлајн заработка?

  • Пребарување: 135.000 пати месечно

Ако поразговарате со некој поискусен, ќе ви стане јасно дека онлајн заработката не е толку едноставна. Не само што е потребна упорност и труд за да добиете следбеници или читатели, потребни се и пари за да направите пари. Потребно е да престанете да верувате дека Интернетот е одличен начин за брзо збогатување. Разберете дека секој којшто го рекламира неговиот онлајн курс, семинар или книга дизајнирани со цел да ви помогнат во онлајн заработката, го прават ова како примарна тактика за да привлечат богатство. Покрај тоа тие плаќаат многу пари за рекламата да стигне кон вас. Оние кои веќе го стекнале богатството имаат многу поважни работи за правење.

5. Како да ослабам брзо?

  • Пребарување: 301.000 пати месечно

На прв поглед ова прашање изгледа со добра намера бидејќи е одлично да видите дека голем број од нас се обидуваат да водат здрав живот и да го подобрат своето здравје. Но, загрижувачки е зборот „брзо.“ Живееме во свет каде што сакаме многу брзи резултати, или воопшто не се обидуваме во нешто. Долгорочните решенија постојат, но речиси никој нема доверба во својата способност да се посвети на што било. Поради ова сите бараат начин да го „измамат“ системот. Ако слабеењето или имањето мускули ви е навистина важно, фокусирајте се на она што треба да го правите за да останете мотивирани наместо да се откажете бидејќи нема брзо решение.

6. Каков било совет за здравјето

  • Пребарување: Непознат број, но навидум бесконечен

Нема некој што не го направил ова. Почнувате да пребарувате на Гугл за вашата настинка и неколку минути подоцна сте убедени дека сте сериозно болни. Иако има одлични статии и медицински информации на Интернет, постојат и многу лаги кои не се поддржани од ништо. Што и да прочитате на Интернет, не сфаќајте го премногу сериозно додека не се консултирате со вашиот лекар. Тој сигурно знае подобро што е проблемот и како можете да си помогнете.

Погледнете и кои се најскокотливите прашања што сигурно ги имате поставено на Гугл.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар