Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

Кога телевизискиот шеф Мајкл Скот од ТВ серијата „The Office“ (Канцеларија) беше запрашан дали повеќе би сакал вработените да му се плашат или да го сакаат, неговиот одговор беше многу едноставен: „Двете. Би сакал луѓето да се плашат од тоа колку многу ме сакаат“. И покрај тоа што Мајкл можеби не е најпаметниот шеф, сепак неговиот коментар има голема логика.

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

Почитта на вработениот кон претпоставениот во работното место, не треба да се базира на страв. Овие 8 едноставни, но реални и креативни канцелариски илустрации, јасно ја прикажуваат разликата помеѓу тоа да се биде шеф и лидер. За среќа, постојат и вработени кои немаат негативна слика за нивните шефови, но откако ќе ги погледнете овие слики можеби уште еднаш ќе размислите за нивните квалитети во однос на водењето на фирмата. Шефот сака да доминира со вработените, а лидерот ги сфаќа придобивките од тоа да биде на исто ниво со сите во фирмата, со цел сите заедно да бидат дел од еден успешен тим.

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

Погледнете ги 8-те илустрации, кои јасно ја покажуваат разликата помеѓу тоа се биде прост, агресивен шеф и успешен лидер.

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

Разни луѓе на интернет, откако ги погледнале овие илустрации ги додале и нивните лични коментари и искуства со нивните шефови/лидери:

„Ќе го препознаете вистинскиот лидер, само кога ќе го пронајдете. Разликата е неверојатна.“

„Статистиката дека 2 од 2 луѓе не ја напуштаат нивната работа, туку го напуштаат нивниот шеф е многу вистинита.“

„Изминативе 2 години работев за шеф, претходно уште 3 години за друг шеф. Сега конечно работам за лидер. Разликата е, како ден и ноќ.“

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

„Шефот и лидерот имаат слични, но сепак различни улоги. Шефот мора да ја одржи одговорноста, а лидерот мора да го задржи моралот. Балансот помеѓу тие две нешта, може да биде доста тежок.“

„Јас сум менаџер и можам да кажам дека секој ужасен шеф и менаџер за којшто сум работел претходно во животов, ме довеле да постанам личноста којашто се наоѓа на десната страна од илустрациите.“

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

„Единствениот менаџмент на којшто можам да му верувам, е оној во којшто ќе се чувствувам удобно да кажам дека прави нешто погрешно, без да стравувам дека поради тоа ќе ја изгубам мојата работа.“

Вистинската разлика помеѓу шеф и лидер прикажана низ 8 илустрации

„Мојот шеф ме третира многу лошо, па ќе морам да ја напуштам оваа работа и да работам некаде каде што ќе бидам партнер, наместо вработен. Навистина ми е потребно тоа.“

Може да ве интересираат и овие неверојатни гестови од шефовите кон вработените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар