Што им е смешно на хороскопските знаци?

Што им е смешно на хороскопските знаци?

Сите знаеме дека смеата го продолжува животот, но она што им смешно на едни им е сосема чудно и бизарно на други. Некои луѓе се смеат кога ќе видат како некој паѓа, додека другите сакаат саркастичен хумор. Секој хороскопски знак си има различна смисла за хумор, па дознајте што му е смешно на секој од нив.

Што им е смешно на хороскопските знаци?

Овен: Физички хумор и нихилизам

Овните се визуелни суштества на кои им е смешен физичкиот хумор и нихилистичката комедија. Не се премногу загрижени за суптилностите и добрата приказна и повеќе би сакале да гледаат како некој паѓа.

  • Препорачани комичари: Рил Хол, Чарли Чаплин.

Бик: Стари класици и безвременски комедии

Кога станува збор за комедија, Биковите често им се навраќаат на класиците. Тие уживаат во нежен, но паметен хумор. Го ценат доброто сценарио и им се допаѓаат добро напишаните британски комедии како „Викарот од Дибли“ (The Vicar of Dibley) или „Монти Пајтон“ (Monty Python). Од американските филмови би им се допаднале класиците како „Г-ѓа Даутфаер“ (Mrs Doubtfire).

  • Препорачани комичари: Сара Миликан, Били Коноли.

Близнаци: Смешни приказни и паметни анегдоти

Ништо не може да ги насмее Близнаците како добар и смешен раскажувач на приказни. Тие сакаат хумор со повеќе слоеви и неочекувани пресврти. Сакаат да гледаат комедии во кои откриваат нешто ново со секое наредно гледање. Најмногу би им се допаѓале филмови како „Шон од мртовците“ (Shaun of the Dead) или „Евтини приказни“ (Pulp Fiction).

  • Препорачани комичари: Робин Вилијамс, Ноел Филдинг.

Рак: Луди неуспеси и чуден хумор

Чувствителните Ракови уживаат во пародии на човечките особини. Ги сакаат комедиите за неуспесите на светот и ја наоѓаат смешната страна и во навидум обичните ситуации. Сакаат и чуден хумор, оној кој прави да се чувствувате неудобно но не можете да престанете да го гледате. Комедиите како „Канцеларија“ (The Office) и „Господин Бин“ (Mr Bean) им се едни од омилените.

  • Препорачани комичари: Џими Кар, Еди Пепитон.

Лав: Срамен хумор и стенд-ап комедија

Лавовите секогаш се во тек со најновите и најдобрите комедии. Тие уживаат во срамното и колку е поапсурдно, толку подобро. Сакаат комичари кои ги поместуваат границите и пробуваат нешто ново. „Зулендер“ (Zoolander) и „Сексот и градот“ (Sex and the City) се одлични комедии за нив.

  • Препорачани комичари: Џоан Риверс, Алан Кар.

Девица: Саркастичен хумор

Девиците често користат сарказам. Тие наоѓаат нешто смешно и во најцрните места и сакаат да ги рушат табуата. Филмовите како „Страв и гадење во Лас Вегас“ (Fear and Loathing in Las Vegas), „Американска убавина“ (American Beauty) и „Да се биде Џон Малкович“ (Being John Malkovich) сигурно ќе ги насмеат.

  • Препорачани комичари: Луис С. К., Бил Мареј.

Вага: Музичка комедија

Вагите уживаат во каква било музичка комедија. Тие сакаат интересни и паметни текстови на песни и ја ценат убавината на смешните песни. Музичките комедии како Шрек (Shrek) и „Мормони“ (Mormons) се совршени за нив.

  • Препорачани комичари: Бил Бејли, Чудниот Ал Јанкович.

Скорпија: Мрачна и опасна комедија

Скорпиите сакаат хумор со мрачен пресврт. Сакаат да бидат шокирани и однесени на места каде што им се помрднува моралниот компас. Тие често ги гледаат филмовите како „Касапски кучиња“ (Reservoir Dogs) и „Американски психопат“ (American Psycho) за забава.

  • Препорачани комичари: Расел Бренд, Сара Силвермен.

Стрелец: Хумор што ги поместува границите

Стрелците имаат сеопфатен вкус кога станува збор за хумор и уживаат во сè – од стенд-ап до музички комедии. Често ги привлекуваат нешта што ги предизвикуваат табуата и ги поместуваат границите. „Монти Пајтон“ и „Саут Парк“ им се едни од омилените.

  • Препорачани комичари: Џон Дор, Вупи Голдберг.

Јарец: Интелигентен хумор

Паметните Јарци не сакаат едноставни шеги, туку уживаат во добро напишана комедија. Често гледаат комедија каде што другите гледаат драма. Поради ова им се допаѓаат серии како „Сеинфилд“ (Seinfeld) и „Костуми“ (Suits)

  • Препорачани комичари: Стив Мартин, Стивен Фрај

Водолија: Реален хумор

Водолиите го ценат секого што може преку шега да ги разбие познатите верувања. Сакаат хумор во кој треба да го употребат својот мозок. Британските серии како „Да, министре“ (Yes Minister) и американските класици како „Недела навечер во живо“ (Saturday Night Live) им се омилени.

  • Препорачани комичари: Џим Џефрис, Тим Минчин.

Риби: Физичка комедија со бизарен пресврт

Рибите ги ценат специјалните ефекти и добриот визуелен стил. Не можат да се воздржат кога ќе се соочат со навистина бизарен хумор. Исто така се љубители на трикови и магија. Рибите можете да ги забавувате со „Дедпул“ (Deadpool) или „Чувари на галаксијата“ (Guardians of the Galaxy).

  • Препорачани комичари: Нина Конти, Страсмен.

Дознајте и кои хороскопски знаци се „оперирани“ од хумор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар