5 видови купувачи: Кој е ловец на попусти, а кој е друштвен вид?

Терминот „шопинг-терапија“ веќе долго време се користи за да се опише ставот кон шопингот. Без разлика дали сакате да одите на шопинг или не, обично постојат некои емотивни причини зад вашите навики. Кога ќе станете свесни за вашите навики за купување, ќе ви биде полесно да бидете свесни за „предизвикувачите“ што ве принудуваат на таквото однесување и ќе донесувате попаметни одлуки во иднина пред да посегнете по вашиот паричник. Секој од петте видови има свои предности и недостатоци, а во замката на непотребно купување најчесто паѓаат друштвените личности и ловците на попусти чија единствена цел им е заштедата.

5 видови купувачи: Кој е ловец на попусти, а кој е друштвен вид?

1. Друштвен вид

Овие личности одат на шопинг без јасна цел и најмногу уживаат во дружбата со пријателите. Шопингот им е како излегување и често земаат пауза за да одат на кафе или на ручек.

Предности: Поради чувството на социјализација, тие имаат позитивен став кон шопингот.

Недостатоци: Бидејќи немаат јасна цел, често купуваат погрешни работи затоа што го слушаат мислењето на својата придружба, па затоа купуваат набрзина, без да размислуваат.

2. Терапевтски вид

Шопингот е нивната терапија. Тие купуваат кога се чувствуваат лошо или добро. Тоа е нивниот издувен вентил и според нив е измислен терминот „шопинг-терапија“.

Предности: Купувањето може навистина да има терапевтски ефект ако се наградат кога се чувствуваат лошо или кога конечно ќе го добијат долгоочекуваниот бонус на својата плата.

Недостатоци: Исто како и брзите решенија, ова може да биде краткотрајно. Таквиот однос кон шопингот не е здрав затоа што ги потиснувате емоционалните проблеми на кои треба да поработите.

3. Дарител

Овие личности уживаат да купуваат подароци, уживаат да бараат идеален подарок за најблиските и честопати претпочитаат да купуваат за други, а не за самите себе.

Придобивки: Прекрасно е чувството кога ќе израдувате некого и ќе му го разубавите денот.

Недостатоци: Ако никогаш не купуваат нешто за себе, треба да откријат зошто е тоа така, зошто не се во можност да најдат подарок или ситница што ќе ги израдува и зошто мислат дека можеби не го заслужуваат тоа.

4. Ловци на попусти

Иако имаат доволно пари за да си дозволат нешто по целосна цена, тие уживаат во фактот што нешто ќе купат на попуст. За нив, шопингот е како игра во која треба да победат.

Предности: Овие личности заштедуваат пари.

Недостатоци: Честопати се чувствуваат виновни бидејќи не го купиле производот затоа што навистина им треба, туку затоа што бил на попуст. Многу често им се случува да купат нешто што никогаш нема да го носат или да го користат.

5. Информирани личности

Тие одат на шопинг со јасна цел. Пред да ја напуштат куќата, прават список и го пробуваат секој производ.

Предности: Тие заштедуваат пари и носат најдобри одлуки додека купуваат. Овие личности имаат најздрав однос кон шопингот.

Недостатоци: Секоја личност ќе посака да имала ваков став кон шопингот многу порано.

Прочитајте колку калории трошите за време на шопинг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар