5 важни нешта кои можеби не сте ги знаеле за лутината

Лутината е константен патник во вашите животи и таа постојано влијае врз вашето однесување на начини на кои досега сигурно не сте можеле ни да ги замислите. Погледнете ги следниве 5 примери, извлечени од неодамнешни истражувања, во кои јасно се гледа како и кога се случува тоа…

5 важни нешта кои можеби не сте ги знаеле за лутината

1. Луѓето навистина ја поврзуваат лутината со црвената боја

Според една студија од 2013 година, црвената боја навистина влијае врз начинот на кој ние ја доживуваме лутината во одредена ситуација. Во оваа студија, авторите откриле дека учесниците многу полесно препознавале лутина на лицето кај луѓе кои имале црвена позадина зад нив. Овој ефект не се манифестирал и на другите негативни емоции, како стравот.

2. Лутината кон Бог се зголемува повеќе кога луѓето не го добиваат она што сметаат дека го заслужуваат

Познато е дека луѓето знаат да му се лутат на Бога, но една студија од 2013 година открила кои типови луѓе се најсклони кон тоа. Истражувачите откриле дека оваа лутина најчесто може да се очекува кај луѓето кои веруваат дека заслужуваат многу повеќе од други. Тие тврдат дека овие чувства кај одредени индивидуи можат да доведат до поинтензивни перцепции дека ним им било згрешено кога нема да го добијат тоа што го сакаат, а сметаат дека го заслужуваат.

3. Лутината влијае врз начинот на кој ги впиваме политичките информации

Една студија од 2012 година открила дека луѓето кои користеле Фејсбук биле два пати посклони да кликнат на политички реклами кои биле дизајнирани со цел да предизвикаат лутина, отколку на оние со понеутрална порака. Со други зборови, кога станува збор за политика, луѓето активно бараат нешта кои ќе ги разлутат.

4. Лутите луѓе гледаат опасност онаму каде што ја нема

Една студија од 2010 година го проучувала влијанието на расположението врз идентификувањето на оружје и истражувачите откриле дека оние учесници кои биле лути многу почесто погрешно идентификувале неутрален објект како пиштол. Тие испитувале луѓе кај кои било предизвикано различно расположение и потоа од нив барале брзо да идентификуваат дали некој од различните предмети кои им биле покажувани се пиштол или не. Оние кои биле полути, правеле многу повеќе грешки.

5. Лутината може да нè направи попродуктивни и покреативни

За крај, една студија од 2010 година открила дека кај некои луѓе лутината може да влијае како мотивација да работат повеќе и на покреативни начини. Авторите откриле дека луѓето можат да одговорат на туѓата лутина на два начина: или да се налутат на себе и да ја користат оваа лутина како извор за подобрување на нивниот перформанс, или пак, да се налутат на другите, со цел да им покажат на нив дека можат да бидат подобри.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар