15 знаци дека сте многу забавна личност

15 знаци дека сте многу забавна личност

Што е заедничко за сите забавни личности? Сите сакаат да бидат во нивно присуство бидејќи тие без никаков труд можат да ги насмеат и расположат, дури и во најтешките моменти. Дали и вас ве гледаат како забавна личност? Откријте…

15 знаци дека сте многу забавна личност

1. Вие спонтано правите нешта за вашите пријатели. Вие сте едни од оние луѓе кои доволно е само да им се спомне дружење и без размислување се облекувате и излегувате од дома.

2. Вие не треба да бидете пијани за да танцувате. Додека танцувате, вашите пријатели ја пијат третата чашка алкохол. Но, вие повеќе сакате да имате целосен спектар на танцови движења и не сакате во тоа да ве спречи држењето чаша со алкохол.

3. Вие танцувате на сите видови музика без срам. Вашиот живот е како видео спот од Бритни Спирс, со исклучок на огромната жолта змија околу вас, но само затоа што не можете и неа да ја купите во бутик.

4. Вие секогаш сте расположени да пробувате нови нешта. Никогаш не се спречувате кога станува збор за активности, па токму затоа можеме слободно да кажеме дека ретки се оние нешта кои не сте ги пробале ниту еднаш во вашиот живот.

5. Вие не сте пребирливи кога станува збор за храна. Планирањето оброци е забавно, посетата на нови ресторани е забавна, комбинирањето различни вина со различна храна е исто така забавно. Но, најзабавно од сè е јадењето и вие многу добро го знаете ова бидејќи никогаш не се спречувате да го јадете она кое срцето ви го бара.

6. Не сте затворени во врска која нема смисла. Вие никогаш нема да зависите од вашиот партнер, ниту пак ќе дозволите тој/таа да го троши вашето време со нешта кои не сакате да ги правите.

7. Одите на многу концерти. Можеби дури и на премногу. Кога последен пат сте прескокнале некој концерт во вашиот град?

8. Вашата идеја за вечерно излегување не вклучува само чаша вино пред да си одите дома. Вие можеби ќе започнете со чаша вино, но потоа работите едноставно бегаат од контрола. Токму затоа одеднаш можете да се најдете на картинг, па во дискотека и на крај во домот на ваш/а пријател/ка каде што правите торта до 5 часот наутро.

9. Никогаш не зборувате за тоа колку сте под стрес или зафатени. Бидејќи вие воопшто не ги сакате луѓето кои го прават тоа постојано. Што се однесува до вас, никој не е толку зафатен да не може воопшто да се забавува.

10. Вие не сте заинтересирани за класичните прослави. Бидејќи сте преживеале премногу здодевни настани каде што целиот фокус бил насочен на „славеникот“ кој отвора подароци. Кога вие имате нешто што сакате да го прославите, тоа го правите на најуникатниот начин кој можете да го смислите.

11. Вие не сте чувствителни. Кога луѓето ќе се обидат да ве изнервираат, вие едноставно ги прашувате зошто се толку напорни и веднаш го решавате проблемот наместо да го размислувате со вашите пријатели, разговарајќи за тоа колку оваа личност била злобна кон вас.

12. Кога ќе претерате со алкохолот, никогаш не започнувате тепачки и дефинитивно не повраќате во туѓ автомобил. Никој не се грижи за тоа дека треба да внимава на секој ваш чекор доколку испиете некоја чашка плус, бидејќи вие сте возрасна личност која знае како да се грижи за себе.

13. Вие зборувате многу, но ретко за себе. Ги знаете оние луѓе со проблеми со слушањето кои некако секогаш го вртат разговорот кон нив? Точно. Епа тоа не сте вие.

14. Вие сте многу енергични. Луѓето кои се мрзливи и неорганизирани никогаш нема да можат да бидат забавни.

15. Вие не сакате да бидете во центарот на вниманието. Без разлика на тоа што го правите, вие сакате да го правите тоа за себе, а не за да се покажете пред другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар