8 навики на вистински позитивните луѓе

Дали и вие сте едни од оние луѓе кои се секогаш позитивни, но кои исто така живеат и во реалноста? Или пак, можеби познавате некој друг со овие карактеристики? Погледнете кои се 8-те навики на вистинските позитивци…

8 навики на вистински позитивните луѓе

1. Практикуваат ритуали за смирување

Животот може да ни донесе серија од стресни настани, но позитивните луѓе знаат како да се изборат со анксиозноста на здрав начин. Всушност, токму оние нешта кои ги прават со цел да се ослободат од стрес ги нагласуваат нивните позитивни емоции, а тоа најчесто го постигнуваат со физичка активност и медитација.

2. Во тешките моменти се потпираат на нивната позитивност

Позитивните емоции ни помагаат да гледаме на одредени ситуации низ поширока перспектива. Но, тука постои еден парадокс. Позитивните емоции се моментални – радоста, благодарноста или задоволството се чувствуваат интензивно на само неколку минути, но сепак тие ни овозможуваат на повисоко ниво да ги поврземе идеите со резултатите, па токму тоа е и причината зошто кај позитивните луѓе нивната внатрешност е посилна од сè.

3. Тие ги прифаќаат и негативните ситуации

Никој не е имун на лошите настани во животот, дури ни најголемите оптимисти. Клучот е да останете позитивни, но и реалистични. Сите доживуваме голем број предизвици, но оние кои се склони на позитивното размислување ги прифаќаат со мотото „И ова ќе помине“, па токму затоа и не бегаат од своите проблеми. Тие знаат дека и претходно поминале низ слични предизвици кои успеале да ги пребродат и затоа си даваат време да се навикнат и на оние кои им следат.

4. Не се мачат самите себеси

Луѓето често се најголемите критичари на самите себеси. Но, позитивните луѓе научиле како да се прифатат во целост. Голем број студии ни покажуваат дека токму оваа карактеристика води кон посреќен живот. Позитивните луѓе имаат навика да медитираат насочени кон љубовта и љубезноста, а со тоа и ја шират својата љубов и добра волја кон другите. Психолошките студии исто така покажуваат и дека дневните медитации и вежби, меѓу другите придобивки, водат и кон посилни позитивни емоции.

5. Ставаат крај на врските (пријателски или љубовни) кои им влијаат негативно

Вашето однесување и размислување многу често зависи од луѓето со кои сте опкружени, па токму затоа многу е важно тие да бидат личности со оптимистичен поглед кон светот. Дали и вие имате такви пријатели? Позитивните луѓе се секогаш опколени со луѓе кои гледаат на светлата страна од животот, но кои и покрај тоа живеат во реалноста. Која е нивната тајна? Тие немаат никакви магични моќи кои ги исполнуваат со позитивност, туку едноставно секојдневно се посветуваат на позитивни активности и не се движат со главата „во облаци“.

6. Ги слават дури и најмалите успеси

Позитивните луѓе се склони кон размислување за големи постигнувања, но тие дури и најмалите победи ги сметаат како подеднакво важни. Најголемата сила се крие во почитување на овие мали нешта. Исто така и самото чувство на благодарност води кон зголемување на оптимизмот, а тоа е навика која позитивните луѓе постојано се обидуваат да ја одржуваат.

7. Не дозволуваат оптимизмот да ги попречи во постигнувањето на нивните цели

И покрај својата неверојатна моќ, преголемата количина оптимизам може да стане проблем кој ќе ве спречи да ги остварите вашите цели. Сите луѓе доживуваат неуспеси на патот кон својата цел, но оние кои се оптимално позитивни луѓе реално ги согледуваат и токму тоа им помага да дојдат полесно до решението на проблемот и повторно да се вратат на својот пат кон целта. Овој начин на размислување е и реален и оптимистичен, па токму затоа го прави патувањето помалку бајковито и води кон постигнување позитивни резултати.

8. Планирање однапред

Истражувањата на психолозите покажуваат дека најголемата контрола во врските и различните ситуации ја постигнуваат оние кои се оценети како „реалистични позитивци“. Секој пат кога ќе се сретнат со проблем или предизвик, тие знаат дека немаат избор и дека единствено нешто што можат да го направат е да се соочат со тоа. Но, исто така тие се и многу креативни, па покрај планот А, ќе имаат и план Б и план В кој со сигурност ќе ги одведе до нивната цел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар