5 нешта што креативните екстроверти сакаат да ги знаете за нив

5 нешта што креативните екстроверти сакаат да ги знаете за нив

Денес ретко ги сметаме екстровертите за креативни луѓе. Најчесто ги гледаме како луѓе кои сакаат да се забавуваат, кои се пријателски настроени и кои постојано сакаат да бидат со своето друштво. Вистината е дека екстровертите се „полнат“ со енергија кога се во друштво, додека интровертите го прават тоа во самотија.

5 нешта што креативните екстроверти сакаат да ги знаете

Сепак, не значи дека широкото мислење за екстровертите е точно. Многумина од нив не уживаат во забави и имаат навистина креативна страна. Па, погледнете кои се нештата што креативните екстроверти сакаат да ги знаете.

1. Тие разговараат со цел да развијат нови идеи

Екстровертите размислуваат најдобро додека разговараат. Често им се разјаснуваат работите додека зборуваат за нив. Освен самите ако не нагласат, тие не очекуваат нивните зборови да ги сфатите како ветувања или факти. Она што го кажуваат може да има само потенцијал, но не значи дека е точно. Исто така она што го кажуваат често може да звучи и како заповед, иако целта воопшто не им е да ве контролираат или да ги сфатите така. Тоа е само нивната брза и директна навика за зборување.

2. Добиваат инспирација од другите луѓе

Интровертите подобро работат и креираат кога се сами. Но, креативните екстроверти сакаат да ги споделат нивните идеи со другите и се стимулирани од туѓите коментари. Многу често тие не можат да се фокусираат на нешто доколку немаат со кого да разговараат за тоа. Додека интровертите не сакаат да ги набљудуваат кога прават нешто, на екстровертите ова им годи.

3. Ги ценат вреднувањата, но и негативните критики

Креативните екстроверти сакаат да го слушнат туѓото мислење за она што го работат. Им се допаѓаат пофалбите, но ги прифаќаат и негативните критики. Најчесто ги гледаат како мотивација за да се подобрат. Според нив, најлошото нешто што може да им се случи е да не добијат никаков одговор.

4. Кај нив не постои суптилноста

Екстровертите не сакаат да се смират или да се релаксираат. Нив им се потребни стимулирачки активности и опкружување. Потребна им е страст во нивните животи. Тие уживаат во оваа енергија, па не треба воопшто да се обидувате да ги „смирите“. За нив мирот и тишината можат да бидат како вистински затвор. Разни нешта им се допаѓаат на разни луѓе и секој си има своја дефиниција за среќа. Ентузијазмот навистина ги расположува екстровертите, додека сентименталноста може да ги замори. Тие сакаат да бидат со личности пред кои можат да го покажат нивното вистинско лице.

5. Ја ценат повлеченоста на другите луѓе

На екстровертите им се допаѓа способноста на другите да се воздржат додека тие не можат да престанат да се смеат. Исто така, трпеливоста и стабилноста се одлики што навистина ги сакаат кај другите. Не очекуваат вие да се однесувате како нив и тоа не значи дека сте помалку забавни од нив. Им годи да бидат во центарот на вниманието и не им пречи доколку вие сте потивки од нив.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека не сте интроверт, туку навистина чувствителен екстроверт.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар