3Д гифови кои изгледаат како да излегуваат надвор од екранот

3Д гифови кои изгледаат како да излегуваат надвор од екранот

Во последно време на интернет кружат нови видови анимирани гифови со реалистичен 3Д ефект. Со додавање на две бели вертикални линии на подвижните слики, се создава неверојатен тридимензионален впечаток. Како што актерите и предметите се приближуваат кон напред, делува како тие да излегуваат надвор од границите на сликата.

3Д гифови кои изгледаат како да излегуваат надвор од екранот

Трикот е во белите линии кои служат како визуелни маркери на предниот дел од сликата. Штом нешто ќе помине низ нив, истовремено блокирајќи ги, мозокот на гледачот го доживува ова како тридимензионална сцена. Креаторите на вакви гифови избираат исечоци од филмови и видеа во кои нешто што првично се наоѓа во позадина доаѓа кон напред, без разлика дали се работи за личност, предмет, животно или нешто друго.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар