21 причина зошто бебињата се најголемите феминисти!

21 причина зошто бебињата се најголемите феминисти!

Малите бебиња се преслатки и кога ни се смеат мислиме дека го поседуваме светот. Но, дали знаевте дека тие се и одлични феминисти, борци за рамноправноста помеѓу половите? Еве зошто…

(1) 21-prichina-zoshto-bebinjata-se-najgolemite-feministi-kafepauzamk

1. Повеќето од нив имаат супер кратка фризура, која е иста за сите.

2. Целосно го имаат одбиено правилото за машки и женски тоалети, чувствувајќи се слободни да ги извршуваат своите физиолошки потреби кога и каде ќе им текне.

3. Не се срамат да плачат и не се потресуваат дека тоа ќе се смета како женски акт.

4. Всушност, ги искажуваат сите емоции од лутина до тага без никаков страв од осуда од околината.

5. Ниедно од нив не е загрижено околу влакната на телото, и не мисли дека тоа е важно за оставање добра слика во околината.

6. Не се загледуваат во другите луѓе. Имате храна на лицето? Косата ви е несредена? Тоа воопшто не ги интересира, бидејќи не е нивна работа.

7. Речиси сигурно е дека бебињата имаат најголема доверба во своето тело.

8. Всушност, нивните ноџиња, рачиња и очиња предизвикуваат толку радост кај другите бидејќи ја проектираат нивната самодоверба.

9. Воопшто не се грижат дали се облечени во некоја скапа марка за облека или во облеката од постарите браќа и сестри, сè додека се чувствуваат удобно во неа.

10. Генерално земено, не ги навредуваат другите врз основа на нивниот физички изглед.

11. Бебињата ги почитуваат и уважуваат градите, целосно од функционални причини.

12. Не ги интересира кои се правилата за однесување, се однесуваат како сакаат.

13. Никогаш не се воздржуваат да прднат само затоа што публиката е атрактивна и сакаат да остават добар впечаток.

(2) 21-prichina-zoshto-bebinjata-se-najgolemite-feministi-kafepauzamk

14. Не ги интересираат лакови за нокти.

15. Нивните приоритети се јасни – јадење, пиење и спиење.

16. Се смеат многу, но за себеси, не на сметка на други луѓе.

17. Не навлегуваат во длабоки дебати кои уште на почетокот ја изгубиле смислата. Ја сакаат топката? Ќе си ја земат.

18. Си играат со играчки кои возрасните мислат дека се наменети за другиот пол, бидејќи реално, сè додека играчката им е интересна, не ги интересира за кој пол е.

19. Сите заработуваат исто: точно нула денари на час.

20. Ги третираат сите исто, без разлика дали се мажи или жени, бидејќи искрено кажано, воопшто не ми е гајле сè додека сте фини со нив.

21. Искрено може да потврдат дека ја почитуваат матката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

Остави коментар