Брзи, кратки и едноставни вежби за одличен вид!

Брзи, кратки и едноставни вежби за одличен вид!

Сѐ поголем е бројот на лица кои мораат да носат очила или леќи бидејќи нивниот вид е многу ослабен. Иако, генетската предиспозиција е најважниот фактор за нарушувањето на видот, сепак, многу други фактори придонесуваат за негово намалување. Секако, драстичната зголемена употреба на компјутери и електронски уреди кои зрачат сина светлина, е еден од значајните фактори, од кои окото не може да се заштити. Може да се каже дека нашите очи се откажуваат од нас поради неквалитетната грижа, и поради тоа често завршуваме со очила или леќи. Но, како и секој мускул на човечкото тело, така и нашите очи имаат потреба од редовни вежби за да бидат одморени и на некој начин, поздрави, вели специјалист-офталмолог Викторија Филева од Систина Офталмологија.

brzi-kratki-i-ednostavni-vezhbi-za-odlichen-vid-kafepauza.mk

Доктор Филева препорачува вежби кои се наменети за очите, помагаат во одмарање и подобрување на фокусирањето, а на тој начин се вежба и фузијата на очите и се зајакнуваат очните мускули.

Златно правило за релаксирање и одмор на вашите очи е 20-20-20, односно на секои 20 минути правете пауза од работата, и гледајте на оддалеченост од 20 метри во времетраење од 20 секунди.
Освен основното правило, ова се неколку едноставни вежби кои може да ги правите секојдневно:

Трепкање – Кога работиме пред компјутер и сме длабоко сконцентрирани, многу поретко трепкаме или „забораваме да трепкаме“ и нашите очи се сушат. Просечно една личност треба да трепне 10-14 пати во минута. Пробајте во следните 2 минути да трепкате на секои 3 – 4 секунди. Потоа не трепкајте 30 секунди, во период од 2 минути. Ја забележувате ли разликата? Кога трепкаме, нашите очи се мал период во темнина, а самото трепкање помага во влаженење на очите, го намалува напорот на очите и ја избиструва сликата.

Фигура 8 – оваа вежба е наметена за очните мускули и помага во зголемување на нивната флексибилност. Замислете ја фигурата 8 како се наоѓа на 10 метри пред вас. Следете ја полека фигурата, прво само на едната страна по неколку минути, и потоа на другата страна. Можеби на почетокот ќе ви делува чудно, но постепено ќе се навикнете на оваа вежба.

Зумирање – За оваа вежба може да го користите вашиот палец, пенкало, молив. Оддалечете го палецот и фокусирајте се на него, и полека оддалечувајте ја раката и полека приближувајте ја. Повторувајте ја оваа вежба уште три пати, еднаш неделно. На овој начин го подобрувате фокусирањето.

Покријте ги очите со дланките – Најпрво, истријте ги дланките една од друга за да бидат топли, и потоа ставете ги на очите. Нежно притискајте, и внимавајте, не треба да гледате светлина низ прстите. Кога ќе почнете да гледате само темнина, тогаш тргнете ги дланките. Повторете ја вежбата во рок од 3 минути или повеќе.

Ја воочивте уште веднаш разликата, нели?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар