15 знаци дека се претворате во вашите родители

Иако додека растеме се бунтуваме против авторитетот на нашите родители, сепак, порано или подоцна сите се претвораме во копија на нашите мајки и татковци. Еве 15 знаци кои упатуваат на тоа дека не само што сме пораснале, туку и веќе почнуваме да наликуваме на нашите „стари“.

15-znaci-deka-se-pretvorate-vo-vashite-roditeli-kafepauza.mk

1. Планирате кога и каде ќе одите да пазарите со цел да ги фатите попустите и акциите во супермаркетите.

2. Имате картички за собирање поени во сите продавници, од оние за прехрана и аптеките, па сѐ до салоните за мебел.

3. Си легнувате во 9 вечер и не мислите дека тука има нешто лошо.

4. Ви пречат соседите кои во текот на работната недела пуштаат гласна музика и собираат пријатели дома.

5. Не ви паѓа на памет да излезете од дома со мокра коса, бидејќи може да настинете.

6. Секогаш користите подлошки за чаши.

7. Длабоко сте шокирани кога ќе видите млади луѓе со гол стомак или без јакна на ветровито време.

8. Обрнувате посебно внимание на рекламите за производи за чистење.

9. Се фаќате себеси како предупредувате некој друг да не направи нешто што е неморално.

10. Во разговор со децата започнувате реченица со: додека си под мој покрив…

11. Појадувате.

12. Во чантата секогаш имате здрави грицки, шише вода и прва помош.

13. Кога одлучувате што да гледате на телевизија, предност им давате на емисиите од наше (или екс-ју) производство.

14. Надокрај ја сфаќате убавината во штедењето.

15. Шегите на вашите родители наеднаш ви стануваат смешни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар