15 цитати од Тони Морисон во нејзина чест што ќе ви го осветлат денот колку и да ви е тешко!

Во понеделникот светот се опрости од писателката Тони Морисон која беше добитничка на Пулицеровата и Нобеловата награда. Таа имаше 88 години, а била родена во Охајо на 18-ти февруари 1931 година. Првиот роман „Најсиното око“ (The Bluest Eye), го објавила во 1970 година и сите нејзини дела изобилуваат со мудрост од која може многу да се научи. Во нејзина чест ви ги претставуваме цитатите што можат да се најдат во нејзините книги, а кои се неверојатно поучни.
Се надеваме дека ќе внесеме барем малку светлина во вашиот ден!

„Љубовта никогаш не е подобра од оној кој сака. Злобните луѓе љубат злобно, насилните луѓе љубат насилно, слабите луѓе љубат слабо, глупавите луѓе љубат глупаво, но љубовта на слободниот човек никогаш не е безбедна. Нема подарок за љубената. Само оној кој љуби ја поседува неговата подарена љубов. Љубениот е потпора, неутрализиран и замрзнат во сјајот на внатрешното око на неговиот љубовник.“

„Во центарот на таа тишина не беше вечноста, туку смртта на времето и толку длабока осаменост што зборот само по себе нема никакво значење.“

„Ако сакаш да леташ, мораш да се ослободиш од сра*ата кои те влечат надолу.“

„Тие се луди години, 25-тите, премногу сте стари за тинејџерски соништа, а премногу млади за да се средите.“

„Сите знаеја како ја нарекуваа, но никој никаде не го знаеше нејзиното име. Бидејќи беше заборавена и необјаснива, таа не можеше да биде изгубена. Никој не ја бара дури ни кога се таму, како ќе ѝ се обратат кога не го знаат нејзиното име?“

„Доколку има книга што сакаш да ја прочиташ, но сè уште не е напишана, тогаш мора ти да ја напишеш.“

„Убаво e кога двајца возрасни си шепотат меѓусебно под чаршафите.“

„Кога ќе ја добиете работата за која сте истренирани брилијантно, запомнете дека вашата вистинска работа е што сте слободни, а вие треба да ослободите некој друг. Ако имате малку моќ, тогаш вашата работа е да му дадете моќ на некој друг. Ова не е само обична игра.“

„Љубовта е исклучително прекрасна и секогаш тешка. Ако мислите дека е лесна вие сте будала. Ако мислите дека е природна вие сте слепи. Не заслужувате љубов без разлика на страдањето кое сте го поднесле. Не заслужувате љубов бидејќи некој ви згрешил. Не заслужувате љубов бидејќи ја сакате. Можете само да ја заслужите – со практикување и внимателно обмислување – имате право да ја изразите и да научите да ја прифаќате. Љубовта не е дар, таа е диплома.“

„Ние никогаш не го оформуваме светот – светот нè оформува нас.“

„Потребна е одредена интелигенција за да се љуби нежно и без поткрепа.“

„Погледнете се себеси – вие сте слободни. Никој и ништо не е обврзан да ве спаси, освен вие самите. Не дозволувајте некој безначаен дечко и одреден злобен доктор да одлучи кои сте вие. Тоа е ропство. Некаде длабоко во вас се наоѓа слободната личност за која зборувам. Пронајдете ја неа и дозволете ѝ да направи нешто добро во светот.“

„Не мора да ме сакаш, но мора проклето да ме почитуваш.“

„Смислете приказна… Заборавете го вашето име на улица, кажете ни што претставува светот за вас во темните места и на светлина. Не ни кажувајте во што да веруваме, од што да се плашиме. Покажете ни ги стравовите во кои верувате.“

„Животот и работата на писателот не се подарок за човештвото, тие се неопходност!“

Прочитајте ги и следниве 15 цитати од Марвел што ќе ви помогнат да го најдете суперхеројот во себе.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар