13 необични знаци дека дефинитивно сте поинтелигентни од останатите

13 необични знаци дека дефинитивно сте поинтелигентни од останатите

Интелигенцијата не е секогаш очигледна, бидејќи може да се должи на генетиката, личните избори, навиките и интересите. Но, сепак постојат неколку заеднички карактеристики што ги красат сите исклучително интелигентни луѓе. Обидете се да ги пронајдете кај себе следниве 13 особини за да дознаете дали сте попаметни од останатите…

13 необични знаци дека дефинитивно сте поинтелигентни од останатите

1. Алкохол. Иако звучи парадоксално, истражувачите откриле дека интелигентните луѓе пијат повеќе алкохол. Едно истражување открило дека децата со повисок коефициент на интелигенција почесто консумирале алкохол додека растеле за разлика од децата со просечна интелигенција.

2. Мрачна смисла за хумор. Дали ви се допаѓа црниот хумор и шегите за смртта? Според некои истражувања, за да можете да ги разберете мрачните шеги, мора да имате високо ниво на вербална и невербална интелигенција, како и повисоко образование.

3. Доење. Едно неодамнешно истражување открило дека децата кои биле доени во текот на првите 12 месеци од нивниот живот, имале повисок коефициент на интелигенција и заработувале повеќе пари.

4. Дрога. Едно истражување нашло врска помеѓу детската интелигенција и нелегалната употреба на дрога. Жените со повисок коефициент на интелигенција почесто консумирале канабис, амфетамин, кокаин и магични печурки, а поинтелигентните мажи земале ЛСД, екстази или темазепам.

5. Музички талент. За целите на едно истражување од 2011 година, учениците биле ставени во 2 различни одделенија. Едните учеле музичко, а другите ликовно. За само 20 дена, 90% од децата во музичкото одделение покажале повисоко ниво на вербална интелигенција.

6. Губење невиност. Некои истражувања од 2000-та година покажале дека помеѓу тинејџерите, оние кои сѐ уште немале сексуални односи, имале повисока интелигенција. Тинејџерите со понизок коефициент на интелигенција премногу рано го започнале својот сексуален живот.

7. Леворакост. Резултатите од едно истражување од 2007 година спроведено на 643 луѓе покажале дека левораките поединци поседуваат поголема интелигентна флексибилност. Деснораките луѓе биле подобри кога станувало збор за давањето проценки.

8. Најстаро дете во семејството. Првородените деца имаат повисок коефициент на интелигенција. Причината за ова не е генетска, туку произлегува од фактот што родителите посветуваат поголемо внимание на првото дете.

9. Непушење. Според едно истражување спроведено на мажи на возраст од 18 до 21 година, пушачите имаат понизок коефициент на интелигенција од непушачите.

10. Ноќни птици. Ноќните активности биле многу ретки во древните времиња и за поединците кои ги практикувале се верувало дека се еден чекор понапред од останатите и дека се подготвени да го пронајдат својот пат.

11. Будно сонување. Мечтаењето во текот на денот се смета за знак на ефикасен мозок кој не може да одолее и да не одлута во сопствените мисли и фантазии. Едно истражување од 2017-та година потврдило дека тоа укажува на интелигенција и креативност.

12. Висина. Едно истражување од 2009 година покажало дека повисоките деца добиваат подобри оценки на тестовите. Друго истражување открило дека високите поединци од двата пола имаат повисок коефициент на интелигенција.

13. Загриженост. Дали сте анксиозни? Можете да најдете мала утеха во фактот што интелигентните луѓе најчесто се анксиозни и депресивни.

Прочитајте ги и следниве 7 знаци дека сте многу интелигентни иако можеби не мислите така.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар