Истражувањата откриваат: Интелигентните жени пијат повеќе алкохол!

Неодамнешните истражувања покажале дека жените со висок коефициент на интелигенција се склони кон пиење алкохол. Според научниците, тие пијат повеќе и почесто од жените со понизок коефициент на интелигенција.

Истражувањата откриваат: Интелигентните жени пијат повеќе алкохол!

Овие жени подоцна раѓаат деца што им овозможува да имаат поактивен социјален живот и воглавно се движат во опкружувања каде што доминираат мажите. Тие се најчесто со високо образование.

Резултатите од истражувањето покажале дека колку повисоко образование имаат жените толку поголема е нивната склоност кон пиењето алкохол. Научниците не се сигурни која е причината за оваа појава, но претпоставуваат дека коренот лежи во растењето во семејство кое често консумирало алкохол.

Освен тоа, истражувањата покажале дека луѓето кои редовно пијат алкохол се 2 пати поинтелигентни од антиалкохоличарите. Не се знае зошто, но наводно, склоноста кон алкохолот е знак на повисока интелигенција!

Сепак, немојте да ги користите овие откритија како изговор за вашето претерано пиење алкохол. Доколку уживате во алкохолните пијалаци, секогаш гледајте да ги внесувате во умерени количини, бидејќи преголемата количина на алкохол може многу да ви наштети и сериозно да ви го наруши здравјето.

Никогаш не треба да претерувате со пиењето алкохол, но постојат неколку причини зошто жените би требало да пијат пиво.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар