Неколку причини зошто жените би требало да пијат пиво

Неколку причини зошто жените би требало да пијат пиво

Умереното пиење алкохолни пијалаци е добро за здравјето. Исто така, неодамнешни студии покажале дека пивото, особено темното, има многу позитивно влијание на здравјето и убавината кај жените. Погледнете зошто секоја од вас би требало да се напие пиво после напорниот ден на работа.

Неколку причини зошто жените би требало да пијат пиво

1. Ги зајакнува коските

Жените кои пијат две пива дневно имаат посилни коски од жените кои не уживаат во овој алкохолен пијалак. Една студија покажала дека пивото содржи значајни количини на биолошки разградив силициум, што е еден од најзначајните елементи од кои се изградени човечките коски. Умереното консумирање пиво особено се препорачува за оние жени кои се во менопауза.

2. Служи како превенција од настинка и помага против воспаленија

Пивото е одличен извор на витамини и минерали како магнезиумот, калциумот и селенот кои го штитат телото од сезонски болести. Тој исто така содржи и бројни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот на телото.

„Пивото рамноправно се носи со другите здрави намирници со горчлив вкус, како маслиновото масло, спанаќот, блитвата, хмељот, но тој исто така е и одличен во борбата против воспаленијата. Темелната состојка на пивото, хумол, ги инхибира ензимите одговорни за развивање процеси на воспаленија“, вели нутриционистката Маја Маретиќ.

3. Ја разубавува кожата

Пивото е одличен извор на витаминот Б комплекс кој е задолжен за прекрасна и цврста кожа, а помага и во одржување на мускулите така што му дава енергија на целото тело. Со оглед на тоа што преку храната не се апсорбира доволна количина на витамините од оваа група, тие треба да се внесат на друг начин. Постои дури и „урбана“ легенда дека комарците ги избегнуваат оние личности кои имаат балансирана количина на Б комплекс во телото.

„Научниците исто така откриле и дека состојките од квасецот и хмељот во пивото ги зајакнуваат и ноктите и косата. Во стариот Египет, имотните жени ја миеле својата коса со пиво бидејќи на тој начин им станувала посјајна и поубава“, додава Маретиќ.

4. Намалување на надуеноста во телото

Истражувањата покажале дека темното пиво има повеќе хранливи материи од светлото пиво. Во 350 милилитри темно пиво се наоѓаат повеќе од 1 грам прехранбени влакна кои го зајакнуваат дигестивниот систем, ја намалуваат надуеноста на телото и помагаат при тврдата столица. Од друга страна пак, во светлото пиво се наоѓаат помалку од 1 грам од овие состојки.

5. Го убива пролетниот умор

Се чувствувате уморно и раздразливо? Сигурно страдате од последиците на пролетниот умор кој меѓу другото е поврзан и со недостатокот на железо во крвта. Тоа тешко се апсорбира од храната, па токму затоа треба да го внесувате и на други начини. Темното пиво е одличен извор на тој минерал, па во комбинација со алкохолот исто така успешно го решава и проблемот со несоницата.

„Пивото содржи и витамин Б12 кој го нема во растителниот свет и кој е одговорен за создавање на црвените крвни зрнца. Понекогаш во Ирска на децата им се даваат по неколку лажички пиво Гинис како лек“, вели Маретиќ.

6. Го штити срцето

Умереното пиење пиво го зголемува протокот на добриот холестерол и го намалува задржувањето на лошиот, а исто така и ја разредува крвта со што го намалува ризикот од срцев удар. Една италијанска студија докажала дека жените кои пиеле по едно пиво на ден имале и до 42% помалку шанси за развивање кардиоваскуларни болести, за разлика од оние кои не пиеле пиво. Згора на сè, умереното пиење алкохол ја намалува можноста за добивање дијабетес тип 2.

7. Хидратација на телото по вежбање

Заборавете на енергетските пијалаци и по вежбањето напијте се една чаша пиво. Истражувачи од Шпанија откриле дека пивото е одличен начин за хидратација на телото кој има поголемо влијание и од обичната вода во ситуации кога е покачена температурата на телото, како што се случува кај оние кои вежбаат и спортуваат.

„Пивото содржи огромна количина на биотин кој е клучен за добивање енергија, содржи магнезиум кој се бори против стресот, како и селен, фосфор, калиум и силициум. Токму затоа се препорачува негово консумирање по спортувањето. Пивото релаксира, делува против воспаленијата и има многу здравствени придобивки“, заклучува Маја Маретиќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар