11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината - Part 2

11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината

6. Шумот од Таос

11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината


Жителите на Таос, Њу Мексико, САД, веќе со години слушаат тивок шум со непознато потекло. Звукот потсетува на оној што го прават тешките возила кога се движат по прометна улица, иако нема такви големи улици во близина на градот.

7. Камените лавиринти на островот Болшој Зајацки

11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината

Постојат многу спирални камени изградби на островот Болшој Зајацки. Никој не знае која е нивната функција, но постојат голем број теории. Се верува дека лавиринтите се користеле за некакви ритуали или како место за плетење мрежа за риболов.

8. Терасовидни градби на островите Рјукју

11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината

Во 1986 година, група нуркачи нашле чудни градби кои личеле на архитектонски згради во близина на островот Јонагуни. Се верува дека остатоците, како што се камења со симболи, стругалки и статуи од животни, биле рачно изработени. Истражувачите сѐ уште се расправаат во врска со ова.

9. Црвено светло над Тихиот Океан

11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината

Кристијан ван Хајст прв ја видел оваа чудна светлина. Тој летал од Хонг Конг до Алјаска во неговиот Боинг 747-8, кога одеднаш забележал црвено светло под него. Ова светло се појавило по кратка далечна молња. До ден денес, оваа појава не е објаснета. Научниците мислат дека станува збор за рефлексија од вулканска ерупција под океанот.

10. Камена топка во Босна

11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината

Некои луѓе веруваат дека нашите предци правеле вакви топки како симболи на небесните објекти или како ознаки на границите со нивните владетели. Всушност, потеклото на камените топки во различни земји ширум светот е непознато и необјаснето.

11. Тајната на Маунт Рашмор

11 светски тајни за кои никогаш нема да ја дознаете вистината

За време на изградбата на овој познат споменик, архитектот Гатзон Борглум сакал да создаде ходник на хрониките во лицето на карпата. За таа цел, тој ископал пештера зад главата на Абрахам Линколн. Во 1998 година, повеќе од 50 години по неговата смрт, во недовршениот ходник биле ставени копии од важни документи и мемоарите на претседателите и тој сега служи како временска капсула. Никој не знае како се користела пештерата, која останала празна 50 години. Некои луѓе мислат дека таму има тајни лаборатории. Кој знае?!

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте за следниве 7 неверојатни природни феномени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар