10 ужасни доктори кои ги осакатиле нивните пациенти - Part 2

10 ужасни доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

6. Џејкоб Ван Ниероп

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Пациентите тврделе дека заболекарот Џејкоб изведувал непотребни процедури кои често ги оставале пациентите во агонија. Во 2012-та година Силван Булестеик пристигала во неговата ординација и тој без предупредување ѝ извадил 8 здрави заба. Таа плукала крв со часови, а заболекарот одбивал да ѝ ја намали болката.

Во 2014-та избегал во Канада, но со текот на времето го вратиле во Франција. Пациентите кажувале дека тој ги успивал и им ги уништувал забите. Имал над 100 жртви од кои 85 биле нападнати, 45 осакатени и 61 измамени.

7. Иан Патерсон

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Шерил Иоми прв пат го запознала Иан во 2003-та година кога требало да ѝ се отстранат цисти од десната дојка. Иан ја оперирал и ѝ кажал дека почнал да се развива рак. Шерил закажала уште една операција и кога се разбудила сфатила дека ѝ ги оперирале и двете гради. Иан ѝ кажал дека имала цисти и на двете дојки. Подоцна открила дека втората операција не била потребна и дека станувало збор за остатоци од претходната операција.

Колегите на Иан почнале да се сомневаат во него кога забележале дека не отстранувал доволно ткиво со тоа зголемувајќи го ризикот за враќање на ракот. Иан тврдел дека имал своја верзија на операцијата – мастектомија за зачувување на деколтето. Била покрената истрага и се открила историјата на непотребни операции. Иан би уапсен и прогласен за виновен во 2017-та година. Добил затворска казна од 20 години.

8. Спирос Панос

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Ортопедскиот хирург Спирос сакал да заработи што е можно повеќе пари. Тој рутински прегледувал најмалку 60 пациенти во еден ден, а понекогаш и над 90. Тој правел над 20 операции во ден и најчесто не успевал да ги заврши.

Спирос ѝ направил операција на двете Ахилови тетиви на Пам Биасика, но бидејќи не ги довршил Пам постојано чувствува болка и не може да оди. Пам и стотици други пациенти го тужеле хирургот. Добил 4 и пол години затвор во 2014-та и се откажал од медицинската дозвола. Пациентите го тужеле за околу 40 милиони евра.

9. Мајкл Росин

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Мајкл специјализирал за микрографска операција, техника која го отстранува ракот на кожата со отстранување на неколку слоеви кожа. Тој почнал лажно да ги дијагностицира пациентите со рак, а потоа им наплаќал на осигурителните компании за процедурите. Тој ги малтретирал пациентите и ги терал да подлегнуваат на непотребни операции. 13 од нив биле оперирани по 20 пати, а еден пациент имал 122 процедури во текот на 20 години. Ниту еден не се запрашал како секоја биопсија може да биде позитивна.

Но, неговите вработени почнале да се сомневаат кога сфатиле дека 99% од неговите пациенти имаат рак. Во 2006-та година бил осуден да плати казна од речиси 7 милиони евра и бил осуден на 22 години затвор.

10. Глен Такер

10 ужаси доктори кои ги осакатиле нивните пациенти

Глен работел како пластичен хирург во 1978-ма година. Повеќе од дузина пациенти поднеле тужба за небрежност против него. Една пациентка го посетила во 1979-та година за операција за зголемување на градите. Градите ѝ се инфицирале, па Глен ѝ направил уште 2 непотребни операции. Еднаш ѝ забодел игла од 18 центиметри во градите без анестезија и искорнал дел од инплантот од засекот. Едната дојка на пациентката имала форма на квадрат а другата била со многу лузни. Во 1982-ра година тужбите станале многу, Глен исчезнал, а по неколку денови направил погреб. Неколку години подоцна еден новинар кој правел извештај за инфекции во болниците открил дека Глен е жив. Повеќе од 2 децении подоцна, тој ја застрелал неговата сопруга, нивната мачка, и на крај се застрелал и самиот.

Дознајте и кои се најлудите операции кои биле изведени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар