10 слатки животни што можат да ве повредат

10 слатки животни што можат да ве повредат

Сите ги сакаме животните. Им се восхитуваме кога ги гледаме и не можеме да им останеме рамнодушни. Меѓутоа, дури и најслатките суштества можат да нѐ повредат. Ова се 10-те неодоливи, но и многу опасни животинчиња…

1. Панда

10 слатки животни што можат да ве повредат

Сите ги обожуваме пандите! Тие изгледаат невино и беспомошно, па затоа станале симбол на мирот и добрината. Меѓутоа, подобро би ви било да не ги задевате! Ако случајно стапнете на нивна територија или се почувствуваат загрозена, пандите можат да ви нанесат сериозни повреди.

2. Морски леопард

10 слатки животни што можат да ве повредат

Морските леопарди изгледаат толку слатко, што се чини дека не би можеле никого да повредат. Меѓутоа, постојат многу случаи кога овие животни покажале навистина агресивно однесување. Еден од нивните омилени оброци е пингвинот. Имајте ја на ум оваа информација кога ќе посакате да пливате со морските леопарди.

3. Лебед

10 слатки животни што можат да ве повредат

Лебедите се многу нежни и романтични. Тие нѐ асоцираат на вистинска љубов, но дали сте чуле дека љубовта боли? Епа, овие животни навистина можат сериозно да ве повредат. Ако се почувствуваат загрозено, тие ќе сторат сѐ што е потребно за да се заштитат.

4. Мравојад

10 слатки животни што можат да ве повредат

Мравојадите делуваат безопасно, бидејќи немаат заби. Па, сигурно се прашувате како би можеле да ги повредат луѓето? Само погледнете ги нивните канџи! Ги користат за да најдат храна, но нема да се двоумат ни да ги искористат за одбрана. Можат да нанесат голема штета само со еден замав!

5. Тасмански ѓавол

10 слатки животни што можат да ве повредат

Ова мало суштество е познато по нашиот омилен цртан филм. Но, неговото име зборува само по себе. Иако изгледа смешно, неговите заби можат да ви нанесат сериозни повреди! Не би требало да се шегуваме со неговиот изглед, бидејќи тасманскиот ѓавол буквално може да нѐ убие.

Продолжете на следната страница за останатите опасни животни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар