10 слатки животни што можат да ве повредат - Part 2

10 слатки животни што можат да ве повредат

6. Слон

10 слатки животни што можат да ве повредат

Иако слоновите се големи и силни, ги сметаме за добри и наивни. Но, да бидеме искрени, луѓето ги користат на многу експлоативен начин. Можеби затоа во последно време се случуваат толку многу несреќи поврзани со слоновите. Исто така, не заборавајте дека тие се многу интелигентни!

7. Надуена риба

10 слатки животни што можат да ве повредат

Ова слатко рипче станува смртоносно по неговата смрт. Сите сме чуле за познатото јапонско јадење фугу. Овој оброк може да биде фатален ако рибата не се подготви како што треба поради нејзините отрови што ги користи додека е жива. Би пробале таков специјалитет?

8. Отровна жаба

10 слатки животни што можат да ве повредат

Овој вид жаби, познати уште како „жаби стрели“, изгледаат многу убаво и интересно, но изгледот понекогаш лаже! Постојат неколку типа отровни жаби со различно ниво на токсичност. Најопасна е златната. Таа лесно може да убие 10 возрасни луѓе само со допир.

9. Делфин

10 слатки животни што можат да ве повредат

Овој податок можеби ќе ве шокира, но мора да се соочиме со вистината. Покрај луѓето, делфините се единствените суштества што убиваат без особена причина. Делфините несомнено поседуваат висока интелигенција, што за жал, понекогаш може да биде опасно. Истото важи и за луѓето.

10. Бавен лорис

10 слатки животни што можат да ве повредат

Само погледнете ги неговите очиња! Можете ли да си замислите нешто послатко од нив? Можеби би требало, бидејќи ова е еден од најотровните цицачи на светот. Ако случајно ве касне, ќе паднете во анафилактички шок. Научниците откриле дека бавниот лорис ги имитираат кобрите. Кој би рекол дека станува збор за толку страшно мало чудовиште?!

Погледнете ги и овие 10 чудни суштества кои навистина постојат на оваа планета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар