10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Мемињата се смешни, и тоа е нивната цел. Доколку користите Интернет, голема е веројатноста да сте налетале на некое меме. Можеби дури и самите сте направиле неколку. Но, овие хумористични слики не секогаш им прават добро на сите вклучени во нив. Неколку луѓе беспомошно гледале како им се уништуваат животите откако завршиле на мемиња. Други се нашле во небрано само затоа што споделиле некое меме. Па, погледнете ги овие неверојатни приказни каде што мемињата предизвикале вистински неволји.

1. Уништена кариера на модел

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Хајди Јех работела како модел во Тајван, сè додека не се појавила нејзина реклама која била претворена во меме. Хајди се наоѓала на реклама за пластична хирургија од 2012-та година, а на фотографијата се гледаат таа, три деца модели и маж кој позирал како нејзин сопруг. Слоганот на рекламата бил „Единственото нешто за коешто треба да се грижите е како да им објасните на децата“. Идејата била дека Хајди направила пластична операција за да изгледа поубаво.

Но, нештата се влошиле кога клиниката ѝ дозволила на друга клиника за пластична операција да ја искористи рекламата, нешто што било против договорот со Хајди. Луѓето наскоро го промениле текстот на рекламата во „Пластична операција – Не можете да ја криете засекогаш“. Нештата станале уште полоши откако еден таблоид тврдел дека моделот ѝ е сопруг на Хајди, па дури излегла и приказна дека тој ја тужел поради операцијата бидејќи ја направила пред да се венчаат.

Приказната стана позната ширум целиот свет, па Хајди станала мета на шеги и покрај тоа што тврдела дека нема направено пластична операција. Негативниот публицитет значел помалку понуди за работа. Хајди се заканила дека ќе ја тужи нејзината агенција, но козметичката клиника се заканила дека ќе ја тужи неа, бидејќи ќе им го оштети брендот.

2. Споредба на Ердоган со Голум

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Во 2015-та година, Билгин Џифџи имал проблеми со турската влада поради меме со претседателот Ердоган. На мемето се наоѓаат фотографии од Голум од „Господарот на прстените“ и Ердоган кој прави слични изрази на лицето. Билгин би добил казна затвор од 2 години доколку бил осуден. Бидејќи судијата го немал изгледано филмот и не можел да одреди дали мемето е навреда, не ја донел одлуката веднаш.

Како одговор, Питер Џексон, Френ Волш и Филипа Бојенс кои учествувале во правењето на серијалот, дале изјава во која потврдиле дека мемето не е навреда. Тие истакнале дека Голум има две личности – добра и лоша, а на фотографиите наводно бил прикажан „добриот“ Голум. Поради ова Билгин бил ослободен.

3. Проблеми поради меме со религиозна содржина

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Во јули 2018-та година, 23-годишната Марија Мотузнаја од Русија изјавила дека се наоѓала на листата со терористи и екстремисти на руската влада, бидејќи споделиле мемиња кои наводно ја навредувале Руската православна црква. Едно од најпопуларните мемиња е фотографија од калуѓерки кои пушат, со натпис „Побрзо, додека Бог не гледа!“

Марија била уапсена во мај и била обвинета за ширење говор на омраза и навредување на чувствата на верниците. Може да добие казна затвор од 6 години доколку биде прогласена за виновна.

4. Меме за пукањето во средното училиште Колумбајн

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

На 20-ти април 1999-та година, 17-годишниот Дилан Клеболд и 18-годишниот Ерик Харис влегле во училиштето Колумбајн во Колорадо со оружје. Тие убиле 13 луѓе и повредиле над 20 други пред да извршат самоубиство. Во тој период, ова било најсмртоносното пукање во училиште во историјата на САД.

Во 2018-та година, 18-годишниот Џефри Неш бил уапсен поради контроверзно меме што им го испратил на другите ученици на академијата Масл Шоалс Кариер во Алабама. На мемето се наоѓале двајца вооружени луѓе, а натписот гласел „Напаѓачите од Колумбајн на нивниот пат“. Неш се обидел да ги прикрие неговите траги и да направи да изгледа како мемето да е испратено од наставник, но го нашле со помош на неговата IP адреса.

5. Меме за кралското куче од Тајван

10 ситуации во кои мемињата им предизвикале неволја на луѓето

Во Тајван никој не смее да го навреди кралот или неговото семејство. Овде спаѓа и кралското куче, кое се смета за дел од семејството. Оние кои ќе го прекршат законот, можат да добијат и до 60 години затворска казна.

Во 2015-та година, еден маж бил уапсен бидејќи објавил меме со кое го исмејува кралското куче. Би можел да добие 37 години затвор, но во 2016-та година добил кауција. Не се знае точната содржина на мемето бидејќи тајландските весници не сакале да го објават и да го прекршат законот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар