10 разлики помеѓу трајните пријателства и оние што ќе исчезнат

Луѓето со кои се дружите откриваат многу повеќе за вас отколку што мислите. Психолозите тврдат дека пријателството е однос заснован на примање и давање и тоа треба да биде рамномерно распоредено. Исто така, тие потенцираат дека „да имате пријатели“ е сосема различно од „да ги чувате пријателите“, а токму тие од втората група треба да ги препознаете и да инвестирате во односите што го збогатуваат вашиот живот.

10 разлики помеѓу трајните пријателства и оние што ќе исчезнат

Пријателите што вреди да ги зачувате се карактеризираат со овие 10 особини:

1. Постојана поддршка

Вистинското пријателство кое опстанува со текот на годините се карактеризира со постојана поддршка. Тоа вклучува интерес за тоа што прави вашиот пријател, што се случува во неговиот живот и поддршка кога носи важни одлуки.

2. Радување на туѓиот успех

Вистинскиот пријател нема да биде љубоморен на вашата висока плата, на унапредувањето, на вистинската љубов или на семејната состојба, дури ни ако освоите лотарија. Во секој однос постои споредување, нo вашиот успех нема дa предизвика љубомора кај вистинскиот пријател, туку може само да го мотивира и тој да биде поуспешен.

3. Физичката оддалеченост не игра улога

Отселувањето поради работа или љубов може да влијае на честото гледање со пријателите или на комуникацијата, но не и на квалитетот на доживотното пријателство. Вистински пријател ќе стори сè за да остане во контакт дури и ако се наоѓа на другата страна на Земјата.

4. Почитување на личниот простор и на слободата

Иако е во ред да очекувате другата страна да ви го посвети своето време, трајното пријателство се карактеризира со искреност. На вистинскиот пријател можете да му кажете дека немате време или дека сте премногу зафатени, а тој ќе го прифати тоа без да се чувствува исклучено.

5. Се смеете заедно

Без разлика дали станува збор за трагична, фрустрирачка или збунувачка состојба, лесно можете да најдете причина за смеење со некој што ве познава многу добро.

6. Плачете заедно

Вистинските пријатели имаат развиено чувство за емпатија. Ако сте повредени, тие ќе почувствуваат болка на сличен начин како ним да им се случило тоа.

7. Простување

Дури и кај најголемите пријателства постојат пропусти, без разлика дали станува збор за недостаток на размислување, невнимание или себичност. Но, вистинскиот пријател знае кога треба да побара прошка и да се извини и само вистинскиот пријател ќе препознае нечие искрено каење и ќе ја надмине ситуацијата како ништо да не се случило.

8. Граници

Секој однос треба да има свои граници за да напредува и да преживее. Така, во пријателството мора да има граници што двете страни ќе ги почитуваат – што не треба да се прави затоа што во спротивно тоа би можело да го загрози пријателството (на пример, излегување со поранешната или сегашната партнерка на вашиот пријател, озборувања или пренесување доверливи информации и сл.).

9. Секогаш можете да сметате на вистинскиот пријател

Ако имате некој во вашиот живот кој ќе остави сè во моментот кога ќе побарате помош, нема да се срамите да го повикате среде ноќ за да ги слушне вашите проблеми и треба да знаете дека тоа е однос во кој треба да инвестирате.

10. Искреност

Токму затоа што немаат личен интерес од вашите работи, вистинските пријатели треба да бидат објективни и искрени набљудувачи и коментатори на вашите животни одлуки и ситуации. Само вистинскиот пријател ќе ви каже ако мисли дека правите нешто лошо, но ако сепак одлучите го сторите тоа, тој нема да дојде и да ви каже: „Ти реков дека ќе биде така“.

Прочитајте зошто мажите се најдобрите пријатели што може да ги имаат жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар