10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Кученцата може да ви бидат посебна слабост, а некои раси се неодоливо слатки дури и кога ќе пораснат. Прочитајте кои раси кучиња секогаш изгледаат како меки топки.

1. Јоркширски териер

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Оваа раса е најдобриот пример за убава влакнеста топка која речиси никогаш не се заморува. Овие кучиња може да бидат физички мали, но тие имаат посебен карактер.

2. Малтешка пудла

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Сопственикот ќе биде опсипан со внимание. Овие кучиња се живи и полни со енергија и се согласуваат добро со луѓето и со другите кучиња. Тие ги сакаат своите сопственици толку многу што ако ги оставите сами предолго, тие можат да станат вознемирени и депресивни.

3. Ших цу

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

За прекрасниот изглед на овие кучиња треба да се грижите постојано ако сакате да остане таков, а тоа вклучува секојдневно чешлање. Тие се одлично друштво за возрасни и за малку поголеми деца.

4. Померанец

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Померанецот е уште една минијатурна бушава раса во која може да се вљубите многу лесно. Овие кучиња се паметни, љубопитни и игриви. Поради нивната интелигенција, тие добро реагираат на дресура. Не се сложуваат многу добро со децата, но ги обожаваат мачките.

5. Хаванезе

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Овие кучиња се многу шармантни, нивното крзно е меко како свила и е лесно за одржување. Тие сакаат да се гушкаат и не сакаат да се одделат од сопственикот.

6. Бишон

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Овие кучиња изгледаат како меки снегулки. Но, нека не ве залажува нивниот изглед, тие се прилично борбени и најмногу уживаат да си играат со сопственикот. Тие се многу лесни за чување, им требаат една до две прошетки на ден за да ги истегнат нозете, но најважно е што сакаат да бидат во близина на сопственикот. Иако се борбени, тие не се доминантни и одлично се согласуваат со другите кучиња.

7. Ласа апсо

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Оваа раса мали, но упорни кучиња потекнува од Тибет. Одлично се согласуваат со деца, со луѓе и со други домашни миленици, така што ќе бидат најдобриот придружен член на секое семејство. Овие кучиња се многу приврзани и бестрашни и бараат многу внимание и галење. Со оглед на нивното долго и свилено крзно, одењето во салон за убавина за кучиња може да стане дел од вашето секојдневие.

8. Пудлица

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Ова остроумно куче „цвета“ во друштво на луѓе и е лесно за обучување. Нивниот изглед можеби не го открива тоа, но пудлите се многу издржливи и се добри кучиња чувари. Многу се послушни, сакаат да си играат и секогаш бараат некое ново хоби.

9. Болоњско куче

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Ако барате мало куче кое нема репутација на нервозно куче, ова куче би можело да биде совршеното милениче за вас.

10. Јапонски шпаниел

10 раси кучиња што изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат

Сè додека се близу до своите сопственици, овие кучиња со карактеристики на мачки ќе бидат многу задоволни и среќни. Јапонските шпаниели ги краси опуштена природа и поради тоа често се користат како кучиња за терапија.

Прочитајте кои 5 раси на кучиња можат да помогнат во борбата против депресијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар