10 нешта направени од луѓето за коишто мислиме дека се природни

Ако ви речат да одберете помеѓу нешто природно и нешто направено од човек, најверојатно би го одбрале природното. Речиси секогаш мислиме дека природните производи се подобри од „вештачките“. Но дали ова е вистина? И дали можете да ја воочите разликата помеѓу нив? За следниве нешта речиси сите луѓе мислат дека се 100% природни, кога всушност се направени или барем изменети од луѓето.

1. Дијаманти

10 нешта направени од луѓето за коишто мислиме дека се природни

Околу 90% од дијамантите се природни, но одреден процент од овие скапоцени камења е произведен во лаборатории. Дали би можеле да разликувате вистински дијамант од лажен?

2. Базенот на реката Амазон

10 нешта направени од луѓето за коишто мислиме дека се природни

Базенот на реката Амазон е познат по неговата уникатна и разновидна флора и фауна. Истражувањата покажале дека формата на овој реон е менувана од луѓето. Амазонците граделе брани, канали и саделе дрва кои биле клучни за нивниот опстанок. Сите промени биле направени во хармонија со природата така што и луѓето и природата би можеле да напредуваат.

3. Смог

10 нешта направени од луѓето за коишто мислиме дека се природни

Смогот се формира кога нивото на загадување на воздухот се зголемува до тој степен што создава услови кои наликуваат на магла. Смогот е особено штетен за постарите граѓани, децата и луѓето со проблеми со срцето и белите дробови.

4. Базенот во националниот парк Јелоустон

10 нешта направени од луѓето за коишто мислиме дека се природни

Овој базен е позната атракција која привлекува многу туристи кои мислат дека неговата боја е природен феномен. Но, ова е далеку од вистината. Во 1960-тите, бојата на базенот била сина поради бактериите кои се наоѓале во водата. Туристите кои го посетувале базенот почнале да фрлаат парички, камења и разно ѓубре во него па поради ова се намалила неговата температура. Тоа е причината поради која бојата на базенот се променила во нијанси на жолто, зелено и сино.

5. Бисери

10 нешта направени од луѓето за коишто мислиме дека се природни

Природните бисери се навистина ретки. Мнозинството бисери кои се наоѓаат на пазарот се произведени со имитација на природниот процес во контролирана средина.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар