10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Речиси секое дете сонува да стане херој. Уште почеста фантазија е онаа да се стане претседател. Но, како што старееме сфаќаме дека големите промени можат да се случат и без супермоќи. Овие 10 необични светски лидери направиле некаква промена и успеале да ја отстранат монотоноста од политиката.

1. Џасинда Ардерн

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Оваа жена е премиер на Нов Зеланд. Луѓето толку многу ја сакаат што започнале цело движење познато како „Џасинда манија“. Тие ја сакаат поради многу нешта, вклучувајќи го нејзиниот стил, хумор, намерата да ги легализира марихуаната и истополовите бракови… Кога Џасинда има слободно време, таа е и диџеј.

2. Хосе Мухика

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Ова е поранешниот претседател на Ургувај. Тој е вегетаријанец, живее на фарма и ја донира речиси цела своја плата во добротворни цени. Хосе и неговата сопруга одгледуваат цвеќиња за да заработат и немаат најмено ниту еден работник.

3. Џон Гнар

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Овој екстравагантен поранешен градоначалник на Рејкјавик има навистина интересен карактер. Тој е комичар, писател, музичар и политичар. Неговата партија се состои од рок и панк музичари кои немале никаква врска со политика. Како резултат, за време на неговиот 4-годишен мандат била направена целосна реконструкција на финансиите, се изградиле дузина километри велосипедски патеки и училиштата биле реорганизирани. Благодарение на Џон, туризмот во Рејкјавик пораснал за 20%.

4. Ана Илона Сталер

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Таа е позната и под псевдонимот Чичолина. Ана е италијанска актерка и порно ѕвезда. На 16-годишна возраст соработувала со Унгарската тајна служба работејќи како слугинка во хотелот Интерконтинентал. 5 години била претставник на Радикалната партија во италијанскиот парламент. Во 1991-ва година ја основала својата партија наречена „Партија на љубовта.“

5. Владимир Франц

10 необични светски лидери кои ја кршат политичката монотонија

Владимир е уметник и композитор од Чешка. Тој учествувал на претседателските избори во Чешка во 2013-та година и бил 3-то место. Неговата кампања била дизајнирана за младите. Неговото ветување било дека ќе ја легализира марихуаната. Телото на Владимир е 90% покриено со тетоважи и пирсови.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар