5 важни нешта што треба да ги знаете пред да се вљубите во маж кој има деца

Денес стапката на развод достигнува речиси 50%, па шансите да започнете врска со сингл татко е многу голема. Оваа врска има многу предизвици за разлика од онаа со мажите кои не се родители. Се разбира, немојте веднаш да се откажете од идејата бидејќи секој разведен татко е различен. Ако сретнете одличен маж кој има дете, важно е на ум да ги имате следниве работи.

5 важни нешта што треба да ги знаете пред да се вљубите во маж кој има деца

1. Бројот на неговите деца многу ќе влијае на вашата врска

Ако некогаш сте чувале нечие дете, тогаш знаете дека е полесно да гледате 1 наместо 3 или 4. Исто така, постарите деца се полесни за справување од помалите. Тие се понезависни, а ова значи дека татко им ќе има повеќе време за вас. Разведениот татко со 2-годишни близнаци има многу повеќе обврски од оној чие дете е на факултет. Од друга страна, има неколку предности кај помалите деца. Ако вашата врска се претвори во брак, полесно ќе се поврзете со помалите деца и ќе имате улога на родител во нивните животи.

2. Децата се или ангели или неранимајковци

Штом ќе ги запознаете децата на партнерот, обрнете внимание на нивното однесување. Децата со лошо однесување сигурно ќе предизвикаат проблеми. На некои деца ќе им биде потребно време да се навикнат на вас, а дури и најдобрите дечиња имаат свои лоши денови. Внимавајте на деца кои не ве почитуваат вам или нивниот татко. Лошото однесување може да биде знак на неефективно родителство и други проблеми кои можат да бидат деструктивни за вашата врска.

3. Вашиот родителски стил може да се спротивставува со неговиот

Секој родител си има свој начин на одгледување деца. Некои се строги, други дозволуваат повеќе. Идеално, неговиот стил би требало да се совпаѓа со вашите верувања. Во спротивно, очекувајте конфликти во иднина.

4. Поголем дел од времето ќе посветува на децата и мора да го почитувате тоа

Колку повеќе време има со своите деца, толку повеќе децата ќе влијаат на вашата врска. Постои разлика помеѓу разведен татко со целосно старателство и разведен татко кој ги гледа децата повремено. Таткото со целосно старателство мора да се справи со повеќе нешта, а истото ќе треба да го правите и вие.

5. Внимавајте на поранешната сопруга

Освен ако не станува збор за вдовец, сите деца доаѓаат и со мајка. Надежно е дека неговата поранешна сопруга е добра личност која ќе има разбирање. Ако станува збор за проблематична жена, можно е да настанат компликации во вашата врска. Разведениот татко не мора постојано да биде во добар однос со поранешната жена, но ако таа е злобна и тешка личност, може да влијае на вашата врска.

Можеби најважно од сè е дали вие сте подготвени за врска со сингл татко. Тој има доживотна обврска кон неговите деца и тие ги бараат неговото внимание, љубов и пари. Ако не сакате да делите или ако не сакате деца, тоа е во ред. Подобро да го знаете тоа и да избегнувате партнери со деца, наместо да се ставите во ситуација која не е фер ниту за вас ниту за него и неговите деца.

Може да биде вистински предизвик да имате врска со разведен татко, но може да биде неверојатно. Секоја ситуација е различна, па потребно е да ја најдете вистинската за вас.

Погледнете ги и овие љубовни совети од девојки кои имаат успешни и долготрајни врски.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар