10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Танчар, актер и музичар се најчестите професии од соништата кај децата. Но, само 6% од луѓето го следат она што ги инспирирало во детството. Со возраста луѓето стануваат прагматични и помалку ги слушаат своите желби. Но, постојат и оние кои навистина ги исполниле соништата од нивното детство.

1. Слабо девојче со силна волја

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Џенифер Брикер била родена без нозе и нејзините родители ја напуштиле. Подоцна била посвоена од семејството Брикер кое ја научило никогаш да не вели „Не можам“. Како дете Џенифер била навистина активна и се одлучила сериозно да се бави со гимнастика. На 11-годишна возраст таа го добила првото место на натпревар во Илиноис и четвртото место на Детските олимписки игри. Била фасцинирана од американската гимнастичарка Доминик Мосеану. На 16-годишна возраст открила дека нејзиниот идол е всушност нејзината постара сестра. Џенифер се сретнала со нејзиното биолошко семејство, била дел од турнеја на Бритни Спирс и напишала свои мемоари. Денес е акробат.

2. Активистка за образование освои Нобелова награда

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Малала Јусaфзаи од Пакистан отсекогаш сакала да учи. Во 2009-та година кога таа имала 11 години напишала блог за ВВС во кој зборувала за нејзиниот живот под талибанскиот режим каде што училиштата се уништени, а на девојчињата им е забрането да посетуваат настава. Благодарение на нејзиниот активизам, во 2012-та година бил направен обид за атентат. Таа била застрелана во близина на училиштен автобус додека одела дома. Но, закрепнала и продолжила со нејзиниот активизам. Малала добила безброј награди, зборувала пред Обединетите нации, издала книга и се запознала со многу политичари. Таа го продолжува нејзиното образование и ја создала Организацијата Малала со цел да им помогне на женските деца да се образуваат. Во 2014-та година стана најмладиот добитник на Нобелова награда.

3. Женски пожарникар

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Разликата помеѓу овие две фотографии е 17 години. Оваа девојка им нуди медицинска помош на жртвите во пожарот и вели дека без разлика на нејзиниот пол, морала да ги исполни физичките барања за да стане пожарникар.

„Сега сум 4-та генерација пожарникари за истиот оддел во кој служеше татко ми. Јас сум 5-тата девојка во одделот.“

4. Следете го вашиот план

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

„Војна на ѕвездите“ го разбуди интересот за вселената кај многу деца. Александар Мисуркин е еден од нив. Кога имал 12 години, тој без сомнение знаел дека ќе стане астронаут. Направил план и го следел. Со цел да се доближи до својот сон тој почнал да посетува аероклуб. Потоа станал пилот, а 7 години подоцна се пријавил како кандидат за космонаут. Александар веќе има направено 2 лета во траење од 334 денови, 11 часа и 29 минути и има отидено надвор во вселената 4 пати.

5. Не секој ден можете да го живеете сонот од детството

10 луѓе кои ги исполниле соништата од нивното детство

Откако канадскиот хокеј играч Џон Таварес потпишал договор со Toronto Maple Leafs, тој објавил фотографија од неговото детство за да ги информира фановите за овој важен настан. Можете да забележите дека постелнината на фотографијата е покриена со името и логото на неговиот тим. Џон сакал да биде дел од овој тим уште од неговото детство, а на 27-годишна возраст неговиот сон станал реалност.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар