Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Кога ќе погледнете како изгледа овој маж денес, нема да можете а да не забележите колку здраво и фит е неговото тело. Неговото име е Умар Малик и сега изгледа како принц од бајките, но тоа не било отсекогаш така. Пред само неколку години, тој воопшто не бил ниту здрав, ниту изгледал атрактивно. Неговата приказна е доказ за огромниот труд којшто треба да го вложи секоја личност којашто сака да има идеално тело.

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Умар израснал во семејство во коешто возрасните ги мотивирале децата да јадат многу храна, исто како бабите во Македонија :). Тој отсекогаш има голем апетит и сакал да биде послушно дете. Кога пораснал, тој сè уште ја имал истата навика да јаде големи количини.

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

До 2014 година, ова момче консумирало по 7,000 калории дневно. Секое утро за појадок јадел 10 тоста и 8 јајца и никогаш не си поставувал лимити кога станувало збор за јадење благо, чипс или пиење газирани сокови. Ваквиот начин на исхрана довел до тоа тој да носи број на облека 5XL, на возраст од само 26 години.

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Згора на тоа, тој не ни можел да се измери на вагата бидејќи таа не можела да ја измери неговата прекумерна тежина. Воедно тој имал тешкотии да пронајде облека за неговата тежина. Кога бил тинејџер, тој ја носел облеката на татко му. Неговиот најголем проблем во врска со тежината, било тоа што не се чувствувал доволно удобно за да излезе надвор во светот и да се социјализира со други луѓе.

Еден ден, во 2014 година, додека Умар се туширал во неговиот дом, подот од туш-кабината едноставно се скршил бидејќи не можел да ја издржи неговата тежина, а водата протекла кон кујната. Овој немил настан за него претставувал моќен аларм за будење, кој му посочил дека е редно време да го смени својот животен стил.

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Од 2015 година Умар започнал активно да посетува сала за вежбање, каде што комбинирал кардио тренинг со бодибилдинг. Вежбал заедно со личен тренер којшто му помогнал да следи програма за намалување на тежината и да остане мотивиран да вежба напорно, секој ден.

Покрај активниот секојдневен тренинг, Малик значително ги сменил и своите навики околу исхраната, па го намалил консумирањето калории на 3.000 дневно. Исто така, сега тој јаде 6 мали контролирани оброци во текот на денот. Неговата исхрана генерално се состои од пилешко месо, зрнесто овошје, зеленчук, лосос и друга здрава храна.

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Пред да се погрижи за своето здравје и тело тој тежел 180 кг, имал струк широк 140 см, носел број на облека 5XL и имал 35-40% масти во телото. Денес тој тежи 130 кг, струкот му е широк 83 см, носи 2XL облека и има 10-12% масти во телото.

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Како и да е, дури и ако ја јадете најздравата храна во свет и го имате најдобриот личен тренер што постои, сепак најголемиот дел од работењето на телото од вашите соништа, лежи во ваши раце. На почетокот, ќе биде многу тешко, но Умар препорачува дека секој од нас може да научи да верува во невозможното:

„Без разлика што и да посакате да остварите во животот, сè што ви е потребно, е малку верба. Верба во себеси, верба во вашите способности и верба дека располагате со доволно сила, за да ги реализирате вашите амбиции“, вели тој.

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Сите овие позитивни промени му помогнале на Умар Малик да го изгради неговото совршено тело, во ноември, 2017 година. Настрана од неговата драстична телесна промена, воедно целиот негов живот се сменил на подобро. Кога бил тинејџер, ја посетувал салата за вежбање само со цел да се изолира себеси од остатокот од светот. Денес, тој работи како тренер во една од најпопуларните сали за вежбање. Тој запознава голем број луѓе на работа и им помага да станат најдобрата верзија од себеси. Тој вели дека денес, се чувствува посамоуверено од кога било и обожава да среќава и запознава нови луѓе.

Пред 3 години ја скршил кадата со неговата прекумерна тежина, а денес е секси мускулест мачо

Малик никогаш не престанува да тренира и неговиот Инстаграм профил е доказ за тоа. Напротив, тој сака да види уште позитивни промени на неговото тело. И покрај тоа што сега носи број на облека 3XL и има изгубено 76 кг, тој сè уште верува дека постои простор за понатамошни подобрувања.

Доколку приказната на Умар ви беше инспиративна, може да ве интересира и како оваа невеста ослабела 52 кг за да може младоженецот да ја пренесе преку прагот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар