10 чудни и мистериозни факти за боите

10 чудни и мистериозни факти за боите

Најверојатно ретко размислувате за постоењето на боите, но и тие си имаат свои мистерии. Се појавуваат во нерешливи математички проблеми и имаат навистина чудни животи. Најинтересните факти се поврзани со интеракцијата помеѓу луѓето и боите. После овие сознанија, никогаш нема да ги гледате боите со исти очи.

1. Разни хоминиди користеле црвена боја

10 чудни и мистериозни факти за боите

Најверојатно, црвената е првата боја којашто луѓето ја користеле во изобилство. Овој „тренд“ започнал уште во праисторијата и најверојатно нема никаква врска со живата нијанса на бојата. Причината за честата употреба е тоа што е навистина лесно да се најде овој пигмент во еден вид глина. Никогаш не избледувал и стоел на кожата и ѕидовите. Оние кои прв пат ја користеле глината не биле ни модерни луѓе. Најстарото откритие на оваа боја потекнува од место на коешто живеел видот хомо еректус пред 285.000 години. Исто така глината ја користеле и неандерталците пред 250.000 години.

Глината се применувала и за други работи. Со неа се обележувале гробови, луѓето ја користеле како заштита од комарци и како лек, а била и симбол на разни нешта. Оваа глина се употребувала многу долго, дури и во ренесансата.

2. Зошто дамките од вода се темни?

10 чудни и мистериозни факти за боите

Иако водата нема боја, таа ја затемнува бојата на материјалот. Зад ова се крие интересна наука – илузијата е предизвикана од брановите кои си поигруваат со нашето око. Кога светлината ќе удри некој предмет, се случуваат две нешта. Предметот апсорбира и рефлектира одредено количество светлина. Брановите кои се одбиваат од предмет ја создаваат нашата перцепција за боја. На пример, жолтиот материјал апсорбира сè освен жолтите бранови. Всушност, бојата што ја гледаме е нијансата на рефлектираните бранови.

Светлината се распрснува различно во зависност од тоа дали површината е сува или влажна. Влажната површина го менува аголот на светлината така што повеќе бранови се рефлектираат на материјалот наместо во окото. Ова прави материјалот да ни изгледа потемен доколку е влажен.

3. Мистеријата за шарените ракови

10 чудни и мистериозни факти за боите

Кокосовиот рак претставува вистинска енигма. Овие суштества се огромни земјени ракови кои сакаат кокоси и можат да бидат во три бои. Малечките се бели, и според научниците оваа боја е поврзана со нивната младост. Но кога ќе пораснат, тие како без причина добиваат црвена или сина нијанса. Сите обиди да се открие причината за ова биле залудни. Не е познато зошто некои се сини, а некои црвени. Многуте тестови покажале дека разликата во бојата не зависи од полот, локацијата, камуфлажата, однесувањето и слично. Исто така, односот на црвени и сини ракови е речиси ист.

4. Мистеријата на сината боја

10 чудни и мистериозни факти за боите

Човечкото око може да препознае околу милиони нијанси, но сината задоцнила. Во 1800-тите, истражувачите ја проучувале познатата поема на Хомер, „Одисеја“. Во долгото дело немало ниту едно спомнување на сината боја. Наместо тоа, Хомер употребувал чудни описи, како на пример „темно-винска“ боја за морето. Во следните години, експертите разгледувале Кинески, Арапски и Хебрејски текстови, и во ниту еден немало збор за „сина“. Првите луѓе кои ја употребувале бојата биле древните Египќани и само тие ја знаеле тајната за нејзиното производство. Научниците се обидуваат да откријат дали овој недостиг од записи за сината боја значи дека луѓето воопшто не ја перципирале.

Едно интересно истражување од 2006-та година покажало дека племето Химба од Намибија нема збор за сина боја и не ја разликува од зелената. Но, тие можеле да разликуваат повеќе нијанси на зелена за разлика од другите луѓе. Ова укажува дека можеби сината била присутна и во минатото, само што човечкото око не ја регистрирало како посебна нијанса.

5. Отровна зелена крв

10 чудни и мистериозни факти за боите

Еден вид гуштери од Нова Гвинеја е навистина чуден. Однадвор изгледа како и секој гуштер, но сè во него е зелено, вклучувајќи ги крвта, скелетот, мускулите и мембраните. Обично крвта има црвена боја поради хемоглобинот, пигментот кој го носи кислородот. Во крвта на овие гуштери се наоѓа друг пигмент – биливердин. Како што умираат крвните клетки, се произведува овој пигмент, а поголемото количество ја прикрива црвената боја од хемоглобинот. Ова количество е отровно за луѓето и многу други видови, кои имаат системи за негово елиминирање. На научниците не им е јасно кои се предностите на зелената крв, ниту пак како гуштерите преживуваат со „предозирање“ од биливердин.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар