Изумите на НАСА што ни го променија животот

Изумите на НАСА што ни го променија животот

Најинтересните изуми на НАСА навистина го променија целиот свет. Сето ова започнало со Вселенскиот акт од 1958-ма година. Според него, секое истражување на агенцијата треба да ѝ биде од корист на јавноста. Оттогаш, благодарение на овие изуми се појавиле цели индустрии, а предметите што ги користите секојдневно се резултат на тоа.

Изумите на НАСА што ни го променија животот

1. Телекомуникација на далечина

Денес во орбитата на Земјата има околу 200 сателити на НАСА. Тие се користат во комуникација, шпионажа, развој и ни овозможуваат да останеме во контакт со луѓе кои се наоѓаат и на другиот крај од планетата.

2. Соларна енергија

Со цел да направат беспилотно летало кое ќе може да лета на големи височини, НАСА направила унија од 28 членови кои работеле на проблемот. Тие ја искористиле соларната енергија за да не додаваат дополнителна тежина на леталото. Благодарение на овој изум, денес милиони домови се опремени со сончеви колектори кои не само што ги намалуваат трошоците, туку го намалуваат и загадувањето.

3. Вештачки екстремитети

Вештачките екстремитети се резултат на вештачките мускулни системи на НАСА. Овие системи се користат кај вселенските роботи и активностите надвор од леталата.

4. Вентрикуларна помошна направа

Во соработка со докторите Мајкл Дебејки и Џорџ Нун, како и компанијата MicroMed Technology, НАСА развила пумпа за срце за пациентите кои чекаат ред за трансплантација. Бидејќи е навистина тешко да се најде донатор за срце, оваа направа ги одржува пациентите во живот.

5. Невидливи протези

НАСА соработувала со компанијата Ceradyne и создала транспарентна поликристална алумина која денес се користи и за изработка на „невидливи“ протези.

Изумите на НАСА што ни го променија животот

6. Леќи отпорни на гребење

На НАСА ѝ била потребна заштита за нивната вселенска опрема, па смислиле посебен вид пластичен слој. Благодарение на ова, денес можете да имате очила кои се отпорни на гребење. Покрај тоа, пластиката е поевтина и подобро ја апсорбира ултравиолетовата радијација.

7. Мемори пена

И ова е изум на НАСА кој го користат во седиштата на нивните летала со цел да се намали ударот при слетување.

8. Инфрацрвени термометри за уво

НАСА користи инфрацрвена технологија за мерење на температурата на ѕвездите. Оваа технологија се применува во ушните топломери кои ја мерат нашата температура со инфрацрвени сензори.

9. Влошки за чевли

Кога човекот слета на месечината, од НАСА измислиле материјал за чизмите на астронаутите со цел да им го олеснат одењето, но и да им овозможат вентилација. Благодарение на ова, денес имаме чевли кои го намалуваат ударот додека одиме или трчаме.

10. Детектор за чад

НАСА го смислила и првиот прилагодлив детектор за чад, со цел да им помогне на астронаутите да откријат доколку има пожар или опасни гасови во Вселенската станица.

Изумите на НАСА што ни го променија животот

11. Безжични алати

На астронаутите што слетаа на месечината им била потребна опрема за собирање камења и примероци почва. Поради ова тие ги направиле првите безжични електрични дупчалки.

12. Филтри за вода

На астронаутите им е потребна чиста вода додека се во вселената. Поради ова НАСА направила филтер со активен јаглен, кој содржи јони што ги неутрализираат патогените во водата.

13. Збогатена бебешка храна

НАСА открила микроалга што ја користат за рециклирање на подолгите вселенски патувања. Денес алгата е хранлива состојка во многу видови бебешка храна.

14. Суво замрзнување

НАСА посветила многу време истражувајќи за храната во вселената додека се подготвувале мисиите Аполо. Заедно со компанијата Нестле го смислиле сувото замрзнување – процес на дехидратација на храната за полесен транспорт.

15. Лубрикант во прав

Овој лубрикант го намалува триењето и емисијата, па се користи кај фрижидерите, хибридните електрични турбо генератори и во многу други индустрии.

Изумите на НАСА што ни го променија животот

16. Софтвер за структурна анализа

Софтверските инженери од НАСА дизајнираат илјадници компјутерски програми. Една од најкористените е програмата за структурна анализа која се користи за дизајнирање автомобили, луди железници и многу други работи.

17. Решение за загадувањето

Микрокапсулите развиени од страна на НАСА се мали топчиња пчелин восок со празен центар. Тие ги отстрануваат загадувачите од нафта во водата.

18. Подобрени радијални гуми

НАСА, во соработка со Goodyear и Rubber, развила материјал кој е 5 пати поиздржлив од челикот. Материјалот бил употребен за падобранот за слетување на леталото Viking. Благодарение на овој материјал, гумите на возилата се многу подобри.

19. ЛЕД светилки

ЛЕД светилките биле развиени од НАСА за вселенските летала. Тие се многу поефикасни и веќе се присутни во нашите домови.

20. Хемиско детектирање

НАСА е одговорна и за сензорите кои детектираат корозивни услови со цел да се спречи оштетување. Кога сензорот ќе дојде во контакт со хемиска реакција во леталото, ја менува бојата.

Изумите на НАСА што ни го променија животот

21. Пливачко одело LZR

Дизајнот на овој костим ги издржал тестовите на тунелите со ветар и ги поминал софтверските анализи за текот на флуидите.

22. Опрема за пожарникари

Системот за дишење смислен од НАСА денес се користи како заштита од вдишување чад. Покрај тоа, радиото што го користат пожарникарите е исто изум на НАСА.

23. Систем за подобрување и анализирање на видео материјали

Технологијата VISAR е подарок од НАСА за ФБИ и им помага да проучуваат видео снимки. Оваа алатка нуди анализирање на секоја рамка од видеото и го подобрува квалитетот на сниманиот предмет без да ја искриви снимката.

Погледнете и кои се изумите за кои пронаоѓачите не добиле никаква заслуга.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Цветан Reply

    Мајка ми македонка ме учеше дека се вика пеЊа а не српски „пеНа“ (види што пишува на ќесињата од шлаг пена од Србија и Хрватска – не се со њ како ние што викаме туку со Н=српски/хрварски).Исто сите дома викаме ветЕр. „ветАр“ не е на македонски. Инаку сум шофер и одлично знам српски, зашто татко ми е Србин, ама па мајчин јазик ми е македонски, така што, ви тврдам дека не го знаете ни едното ни другото

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме за коментарот Цветан. Ние се водиме според правописот на македонскиот литературен јазик каде што зборот пена се пишува со „н“, а ветар е прифатливо во двете форми – и со „е“ и со „а“. Ако те интересира, правописот можеш да го најдеш овде.

Остави коментар