Уметник дизајнирал кула што го претвора загадувањето во дијаманти

Уметник дизајнирал кула што го претвора загадувањето во дијаманти

Човештвото има смислено многу изуми. Иако голем дел од изумите ни го подобриле животот, не значи дека од нив нема несакани ефекти. На пример, автомобилот ни го олеснува движењето, но денес претставува проблем за чистиот воздух. Загадувањето што го предизвикува е навистина ужасно.

Кула што го претвора загадувањето во дијаманти

Воздухот во големите градови може да биде толку загаден што им го намалува животот на луѓето за 15-тина години. Поради ова, холандскиот уметник Даан Русегарде ја дизајнирал кулата што го претвора загадувањето во дијаманти.

Без разлика дали го гледате или не, опасноста од загадувањето е премногу реална.

„Воздухот што го дишеме во големите градови ширум светот е истo толку штетен како да пушиме по 17 цигари дневно. Ова не е светлата иднина што ја замислуваме. Ова е хорор“, изјавил Даан.

Кула што го претвора загадувањето во дијаманти

Тој и неговиот тим го изградиле најголемиот прочистувач на воздух во светот. Со овој проект, тој ги комбинирал технологијата, дизајнот и имагинацијата со цел да овозможи чист воздух во најзагадените градови во светот.

Првата кулата била изградена во Пекинг, Кина. Тамошните жители биле советувани да ги избегнуваат активностите на отворено бидејќи воздухот бил 30 пати позагаден од дозволеното. Кулата е лоцирана во јавен парк и е висока цели 7 метри.

Кула што го претвора загадувањето во дијаманти

Кулата собира 30.000 кубни метри загаден воздух на час. Потоа го прочистува од ПМ2,5 и ПМ10 честичките, па го враќа назад. Системот е толку ефективен што воздухот околу кулата е од 55% до 75% почист за разлика од остатокот во градот. Кулата користи 1.170 вати и е напојувана од соларна енергија.

Покрај прочистувањето, кулата го претвора отпадот во накит.

„Кулата го собира загадениот воздух и испушта чист. Внатре ги собира филтрираните честички смог. Тоа е најодвратното нешто што можете да го помирисате.“

Кога Даан сфатил дека филтрираниот смог е речиси 40% јаглерод, супстанцата од којашто се направени дијамантите, решил да го искористи тоа. Секој дијамант содржи компресиран смог од 1.000 метри кубни чист воздух. Честичките се компресираат 30 минути, сè додека не се претворат во темни дијаманти. Даан успеал да создаде нешто прекрасно од отпад. Парите заработени до дијамантите се користат за проширување на неговиот проект.

Кула што го претвора загадувањето во дијаманти

„Не знаев ништо. Всушност, бев пушач! Но не мора да знаете за вашата тема пред да започнете. Ако сте љубопитни, тоа ќе ви стане опсесија и ќе учите по пат. Всушност, опсесијата ќе ве мотивира да научите побрзо.“

Луѓето од целиот свет го купуваат накитот направен од смог бидејќи изгледа навистина убаво. На овој начин тие се и дел од нешто поголемо и придонесуваат во заштитувањето на околината.

Погледнете и што се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар