Првиот летачки автомобил ќе биде пуштен во продажба овој месец

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од летањето. Дури и во древните времиња, тие си го замислувале летањето како чудно, често опасно спасение.

Првиот летачки автомобил ќе биде пуштен во продажба овој месец

Грците го имаат митот за Икар, Индијците го имаат митот за пушпака вимана (летачки палати), а Кинезите имаат митови за нивните кралеви-змејови кои можеле да летаат.

Сè до изумот на модерниот авион и хеликоптер, штетата веќе била направена. Научната фантастика ги натера луѓето да се вљубат во летањето, а сега изгледа дека секојдневниот воздушен транспорт не е толку далеку.

Иако летачките автомобили сè уште ги гледаме како фантазија, голема е веројатноста следниот месец на пазарот да се појави првиот летачки автомобил. И како сè останато, можете да го порачате порано.

Брендот Terrafugia што му припаѓа на Volvo ќе ѝ ги претстави на јавноста првите летачки автомобили. Моделот е наречен Транзиција (Transition) и ќе може да лета до 640 километри со брзина од 90 метри во секунда.

Се разбира, можете да очекувате и висока цена како и за секоја технолошка новост. Автомобилот ќе го понуди потребниот луксуз, а ќе има и падобран за во случај на несреќа.

Иако станува збор за автомобил, ќе ви треба дозвола за пилот за да го полетате. На почетокот ќе биде достапен за малкумина, а причината е тоа што корисниците ќе бидат само пилоти што можат да си дозволат нешто вакво.

Автомобилот може да лета на височина од 3 километри и да издржи товар до 590 килограми. Сега останува да чекаме и да видиме што ќе се случи со овие автомобили во иднина. Дали ќе ги користиме или ќе останат дел од нашите фантазии?

Дали имате слушнато за момчето што направило автомобил-дрон?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар