19 цитати од Џ. Д. Селинџер што ќе ве импресионираат и инспирираат

Џером Дејвид Селинџер бил американски писател, најмногу познат по неговата новела „Ловец во ржта“ (Catcher in the Rye). Селинџер се вљубил во литературата и пишувањето уште додека бил многу млад, но бидејќи татко му не го поддржувал во неговата страст, пишувал кратки приказни навечер, криејќи се под неговото ќебе.

19 цитати од Џ. Д. Селинџер што ќе ве импресионираат и инспирираат

Иако не му се допаѓало формалното образование, Селинџер одел на универзитетите во Њујорк и Колумбија, а потоа решил целото свое време да го посвети на пишување. Тој сакал неговите дела да бидат прочитани од многумина, но сепак Селинџер останува мистерија. По издавањето на „Ловец во ‘ржта“ авторот се справувал со непосакувано внимание и секогаш се обидувал да се држи настрана од оние кои сакале да ѕиркаат во неговиот приватен живот. Прочитајте некои од неговите најдобри цитати.

„Мислам дека еден ден ќе треба да сфатите каде сакате да одите. И потоа да почнете да се движите во таа насока. Но веднаш. Не можете да си дозволите да изгубите ни минута.“

„Знакот за незрел маж е тоа што сака да умре благородно со причина. Знакот за зрел маж е тоа што сака да живее скромно со причина.“

„Не сакам само да ми се допаѓаат луѓето. Се молам да запознаам некој што ќе можам да го почитувам.“

„Некои нешта треба да останат онакви какви што се. Треба да ги ставите во некоја голема кутија и да ги оставите на мира.“

„Имам лузни на моите раце од допирање одредени луѓе. Одредени глави, одредени бои и текстури на човечка коса оставаат трајни белези на мене.“

„Сите морони мразат кога ќе ги наречете морони.“

„Смешно е. Сè што треба да направите е да кажете нешто што никој не го разбира и потоа сите ќе прават што и да им кажете.“

„Сè уште постојат неколку мажи кои љубат очајно.“

„Јас сум параноичен, ама обратно. Се сомневам дека луѓето сакаат да ме направат среќен.“

„Кој сака цветови откако ќе умре? Никој.“

„Стапете во брак со некој којшто се смее на истите нешта како и вие.“

„Здосадено ми е од егото. И од моето и од егото на сите.“

„Таа не правеше ништо што можев да видам, само стоеше навалена на балконот и го држеше универзумот во целост.“

„Ако направите нешто премногу добро, по некое време, ако не внимавате, ќе почнете да се фалите. Тогаш ќе престанете да бидете толку добри.“

„Ако девојката изгледа неверојатно кога ќе се сретнете, што има врска што доцнела?“

„Проклети пари. Секогаш ве прават неверојатно тажни.“

„Луѓето ракоплескаат од погрешни причини.“

„Фактот е секогаш очигледен многу подоцна, но најголемата разлика помеѓу среќата и радоста е тоа што среќата е тврда, а радоста течна.“

„Не знам од каква корист ви е да знаете толку многу и да бидете паметни ако сето тоа не ве прави среќни.“

Прочитајте ги и цитатите од Маргарет Атвуд коишто ќе го разбудат писателот во вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар