Исклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!

Исклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!

Технологијата со која ги поврзуваме нашите телефони со домашните апарати, други телефони, компјутери, играчки, паметни звучници, автомобили и сите други уреди предизвикува одредени проблеми од самиот начин на поврзување. Станува збор за опцијата „блутут“ (bluetooth) кој многупати досега се покажал како вистински сигурносен кошмар во секоја смисла, а за да ги избегнете проблемите наједноставен начин е да го исклучите. Сигурно е дека барем еднаш сте ја употребиле оваа опција, но гледајте да ја избегнувате.

Тие што се занимаваат со технологија тврдат дека оваа опција е „највалканиот“ збор во сајбер безбедноста на денешницата. Ова е изразено во толкава мера што дури на ДЕФ КОН конференцијата, најголемото светско годишно собирање на „белите хакери“, на посетителите им било советувано одма да го исклучат блутутот и постојано да им биде исклучен. Не треба да се создаде параноја од оваа информација, но на самата конференција во Лас Вегас биле демонстрирани 10 сценарија и начини на кои многу брзо и во само неколку чекори може да се хакира уред со вклучена блутут врска. Меѓу прикажаните сценарија било и она преку паметен или обичен аудио звучник кој е поврзан со телефон или компјутер преку блутут систем.

Овој пат хакерите одлучиле да прикажат како некој што е доволно злонамерен може сериозно да ви го уништи расположението, па дури и да ви го оштети слухот само ако сака и е вешт во хакирање. Само неколку дена пред одржување на ДЕФ КОН конференцијата официјално е соопштено дека блутутот е ранлив на пресретнување пренос на податоци со тој тип врска во одредени ситуации и дека е можно да се прочита целата содржина која што се разменува помеѓу уредите. Во Америка големо внимание привлекла објавата на Њујорк Тајмс со листа за тоа како продавачите ги следат корисниците кои во продавница влегуваат со вклучена блутут врска. Тие податоци кои ги добиваат додека посетителите се во продавницата ги споделуваат со трети страни и со огласувачи.

Постојат многу примери зошто одма треба да ја исклучите оваа опција доколку е приклучена на вашиот смартфон. Истовремено ќе го продолжите животот на вашата батерија и ќе се ослободите од потенцијалната грижа за вашата безбедност којашто станува сè поголема грижа за секого и се плаќа многу скапо.

Дознајте дали некој го користи вашиот мобилен за да ве следи и да краде информации од него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар